Search

Monday, February 18, 2013

Флеш моб: „Замрзни, застани и размисли – не донесувај брзи одлуки!“

Во петокот на 15ти февруари во Кавадарци, младинскиот центар CreActive од Кавадарци, по иницијатива на неговите членови на кавадаречкиот гратски плоштад организираше смрзнат флеш моб. Учество зедоа, пред сѐ, активните членови на организацијата во проширен состав, ученици од средните училишта од Кавадарци, но најважно е да се нагласи за прв пат остварената соработка со СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино. По тој повод од соседниот град „навалија“ група од средношколци коишто се здружија со овдешните средношколци и заедно приредија вистински настан во градот.

Флеб мобот е продолжение на низа од флеш мобови коишто се случуваат низ Македонија, а младите волонтери од Кавадарци со задоволство ја превзедоа иницијативата и во овој град да се организира вакво нешто.

Пазарниот ден не ги спречи овие храбри волонтери да им ја покажат импулсивноста на кавадарчани којашто ги обѕема нашите животи. Со тоа тие се обидоа да пренесат една јасна порака дека небитно колку е модернизиран и  напреднат денешниов свет, небитно колку брзо се одвиваат работите околу нас, ние како луѓе мораме да „подзастанеме“ и навистина добро да размислиме каде сме и што сме.

Ваквата идеја беше одлично прифатена од толпата народ којашто се беше насобрала на плоштадот, луѓето беа навистина воодушевени од креативноста и смелоста на младите, па дури и некои им се придружија. За среќа краткотрајноста на настанот ги разведри возачите, но сепак сите беа задоволни што и кај нас се одвиваат настани од ваков тип.

По 300 секундниот флеш моб, во просториите на центарот Креактив средношколците продолжија да се дружат, со што се остварија нови пријателства помеѓу двата града и се донесе заклучок дека соработката помеѓу центарот и средното училиште треба да продолжи.


Николов Илија

Thursday, February 14, 2013

Св. Трифуново литературно читање на тема „Љубов и Вино“




Клубот на писатели „Тиквешки цветови“, во Средата на 13ти февруари во просториите на ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, организираше литературно читање на тема: „Љубов и вино“ по повод парзникот на лозарите, Св. Трифун.

„Тикешки цветови“ брои околу петнаесетина активни члена, од кои настапија шестмина од Кавадарци, и една млада поетеса од Неготино, Симона Ташева, член на новинарскиот клуб ТНТ. Поетесите читаа од свои лични дела, од сопсвени книги како и од дела на други автори, но и од поети кои не се повеќе со нас како покојниот Томе Андов. 

Публиката беше воодушевена од прекрасните, лесноприемливи стихови, во чија содржина се препознаваше винарскиот крај и примамливата боја на виното.  Тука некаде пулсираше и опивната љубов кон овие краишта, претопена во уметност. Секоја поетеса во себе понесе некое делче од овие простори од коишто црпи инспирација. Бевме опсипани од жарни чуства на беспрекорност и убавина, од моќта на виното. Се нагласи засебно секој дел од создањето на виното, започнувајќи од првобитната состојба – како обична кревка лоза. Приматот го завзедоа лозовите насади кои се изворот на сево ова, но исто така мошне вешто беше претставена и традицијата, но и умешноста на правењето вино.

Овие културно-уметнички настани од јавен карактер ја размрдуваат литературната сцена во Кавадарци, особено допринесуваат при афирмацијата на културата и иновативниот дух, создаваат една позитивна и креативна атмосфера во градот, но и пошироко, и се однесуваат како поттикнувач кај помладата генрација на тоа таа да биде што е можно поактивна и да твори повеќе.  Исто така допринесуваат за поинтезивна соработка помеѓу двата сосетски града, Неготино и Кавадарци.



Николов Илија