Search

Thursday, February 14, 2013

Св. Трифуново литературно читање на тема „Љубов и Вино“




Клубот на писатели „Тиквешки цветови“, во Средата на 13ти февруари во просториите на ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци со поддршка од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, организираше литературно читање на тема: „Љубов и вино“ по повод парзникот на лозарите, Св. Трифун.

„Тикешки цветови“ брои околу петнаесетина активни члена, од кои настапија шестмина од Кавадарци, и една млада поетеса од Неготино, Симона Ташева, член на новинарскиот клуб ТНТ. Поетесите читаа од свои лични дела, од сопсвени книги како и од дела на други автори, но и од поети кои не се повеќе со нас како покојниот Томе Андов. 

Публиката беше воодушевена од прекрасните, лесноприемливи стихови, во чија содржина се препознаваше винарскиот крај и примамливата боја на виното.  Тука некаде пулсираше и опивната љубов кон овие краишта, претопена во уметност. Секоја поетеса во себе понесе некое делче од овие простори од коишто црпи инспирација. Бевме опсипани од жарни чуства на беспрекорност и убавина, од моќта на виното. Се нагласи засебно секој дел од создањето на виното, започнувајќи од првобитната состојба – како обична кревка лоза. Приматот го завзедоа лозовите насади кои се изворот на сево ова, но исто така мошне вешто беше претставена и традицијата, но и умешноста на правењето вино.

Овие културно-уметнички настани од јавен карактер ја размрдуваат литературната сцена во Кавадарци, особено допринесуваат при афирмацијата на културата и иновативниот дух, создаваат една позитивна и креативна атмосфера во градот, но и пошироко, и се однесуваат како поттикнувач кај помладата генрација на тоа таа да биде што е можно поактивна и да твори повеќе.  Исто така допринесуваат за поинтезивна соработка помеѓу двата сосетски града, Неготино и Кавадарци.



Николов Илија

No comments:

Post a Comment