Search

Friday, December 21, 2012

ИДНИНАТА Е СЕГА!


Денес е 01.01.0001 од новата ера според календарот на Маите , (инаку по грегоријански календар  - 22.12.2012). Денес според Маите и според многу други луѓе (помеѓу кои филозофи и духовни свештеници), започнува нова доба, нов период, преродба. Различните теории за „крајот на светот“ на овој датум како удар на земјата од метеор, соларна бура, потоп и разни други, очекувано - паднаа во вода. Но сепак, стравот од апокалипса сѐ уште постои...

Иронично е тоа што најголемата опасност за крај на постоењето на човекот и животот на Земјата е создадена од самиот човек  - нуклеарната енергија.
Официјално дури 9 големи светски сили поседуваат нуклеарно оружје - Русија, САД, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Северна Кореја, Израел и Пакистан. Ако се присетиме на ужасното сценарио од втората светска војна, во Хирошима и Нагасаки, тие нуклеарни бомби имале моќ од 10-20 килотони, додека денес деструктивната моќ на ова оружје е стотици пати поголема од тогаш.
Замислете само што би можело да ѝ се случи на планетава доколку настане детонација на само една таква нуклеарна бомба. Последиците би биле катастрофални, апокалиптични...


Човештвото полека станува свесно дека поседувањето на нуклеарно оружје претставува најстрашната закана за животот на планетава. Дури и најтврдокорните националисти знаат дека со активирање на нуклеарка во некоја „не-пријателска“ земја било каде на планетава директно или индиректно се загрозува здравјето и животот на нив самите и на нивните најблиски.
Но, кога 99% од нас - луѓето сме свесни за ова, зошто едноставно не се договориме да ја неутрализираме оваа деструктивна „сатанистичка“ сила и да ја остраниме опасноста? Зошто едноставно не го собереме и размонтираме сето нуклеарно оружје или евентуално да го лансираме во вселената? Треба да се запрашаме: Дали навистина имаме било каква потреба од нуклеарно, хемиско, биолошко па и од огнено оружје? Што добиваме со нивното производство и нивното поседување? Безбедност, сигурност? Размислете повторно!

 

Зошто да не ги пренамениме фабриките за оружје и муниција заедно со воените центри во фабрики и истражувачки центри кои ќе допринесат за напредок на технологијата, општеството и развојот на човештвото? Зошто не им се спротиставуваме на безмилосните фармацевтски и прехрамбени гигантски коорпорации кои наместо лекови и храна ни „донираат“ и продаваат смртоносни вируси, зарази, отрови и генетски модифицирана (ГМО) храна, која предизвикува болести и стерилност?  

Потребни се големи промени, промени чие време допрва доаѓа. Промени со чија помош ќе се решат многу проблеми, (како недостигот од чиста вода и храна во земјите од третиот свет, големата смртност од излечливи болести), промени со чија помош ќе се надминат најголемите разлики и нетрпеливости меѓу луѓето во светот кои само така ќе се зближат и ќе почнат повторно да си веруваат еден на друг, независно од нивната националност или вероисповед, промени кои ќе продолжат да  ја усовршуваат технологијата која ќе се користи за вистински цели и ќе ги олесни и подобри нашите животите.


Навистина, зошто да не изградиме нов општествен систем, ново уредување, кое ќе биде многу поправедно, помирољубиво, похумано, општество - кое за разлика од сегашното, ќе се грижи за луѓето, општество со високи морални вредности, општество во кое ќе ги учиме нашите деца како да креираат, како да се почитуваат и да се сакаат едни со други, како да споделуваат храна и материјални добра, а не како да уништуваат, како да крадат, како да се тепаат и повредуваат, како да убиваат...
Ве молам, да не ги учиме нашите деца за насилството и војните кои се одвивале во минатото, да не создаваме од нив националисти, патриоти и „човекомразачи“, затоа што човек кој ги мрази другите - се мрази и сам себе си, а тоа води кон сигурен индивидуален и колективен пропаст. Треба да бидеме насочени кон иднината, а не кон минатото, не треба да се навраќаме на тоа од вчера, треба да заборавиме, да простиме.
Навистина нема потреба да им лепиме национални или верски етикети на нашите деца веднаш по нивното раѓање, не е праведно и не е фер да ги одделуваме од нивната права природа, од единството со сите луѓе, единството со целиот живот на планетата Земја, единството со универзумот... Сепак, сите  потекнуваме од иста ѕвезда, од иста материја, сите сме создадени од иста енергија.


Традицијата, навиките и обичаи се менуваат со самата еволуција на човекот. Тие не се имуни на временскиот тек, константно се менувале во минатото, па зошто да не се променат и денес?
Зошто да живееме во страв, болест, недостаток, тага, омраза и мизерија (кои несвесно сами си ги создаваме), кога можеме да живееме во љубов, изобилство, разбирање, мир, единство, хармонија и радост? Зошто да сонуваме за рајот, кога истиот можеме многу лесно да го имаме овде, на Земјата?

Изборот е наш, иднината е во нашите раце...

Петров Илија

No comments:

Post a Comment