Search

Monday, May 28, 2012

Незаборавни македонски пејачи, песни и музички спотови

Се сеќавате ли на видео-спотовите од македонските деведесети?!
Ние решивме да ви направиме една мала ретроспектива како на спотовите, така на музиката, текстовите и неверојатната мода - купаќи врз кратки фармерки. Видете самите за што станува збор!


 
 А овде никако не смее да се изостави и музичката кариера на Лила Филиповска. Можеби веќе ја заборавивте како пејачка, но еве да ве навратиме како тоа изгледаше!




Елена Данова LENA

Sunday, May 27, 2012

Креативен перформанс за просидба

Смелоста и храброста се дефинитивно основните карактеристики на овој човек. Тој со намера да ја запроси својата сакана подготвил буквално целосен перформанс кој ќе ве воодушеви.
Во видеото кое го има прикачено на you tube,  а на кое е снимена целата ситуација пред и за време на запросувањето најпрвин кажува дека ја повикал саканата во куќата на неговите родители, а кога таа пристигнала неговиот брат му помогнал околу организацијата.
Претпоставуваме дека за подготвување на целиот овој перформанс не само добар брат, потребни се и вистински пријатели. Погледнете зошто!



 


Елена Данова LENA

Friday, May 25, 2012

Патронат и матурски бал се' во еден ден

На 25 мај 2012 година, во попладневните часови, на самиот плоштад во град Неготино, се одржа матурската парада. Околу 170 матуранти од средното општинско училиште "Св. Кирил и Методиј" учествуваа во манифестацијата каде се играше квадрил. Овој танц според изјавата на директорката претставува танц со кој матурантите влегуваат во светот на возрасните. Во голем број, публиката, аплаудирајќи, ги охрабруваа младите кои несебично ја споделија нивната радост. Но, истата ден, во 18 и 30 часот се одржа патрониот празник на оваа гимназија. Со изведба на театарски претстави, песни и поетски читања, учениците од оваа гимназија ги импресионираа гледачите. 
Вистинската возбуда беше откако завршија говорите и започнаа доделувањата на наградите. Имаше голем број на ученици кои беа наградени поради учество, било самостојно, било екипно, како и ученици наградени поради тоа што освоиле прво, второ или трето место на некој од натпреварите. Сепак, награди не беа доделени само на учениците, награди беа доделени и на професорите кои им биле ментор и на професори кои навршиле 10, 20, 30, и се разбира, 40 годишно искуство за кое беше награден професорот Дионис Пашлаков. Тој е заслужен за сите години поминати во оваа професија, која искрено не е баш лесна. 



























Овогодинешни ученици кои беа именувани како ученици на генерацијата беа: Билјана Чакова  од прехрамбената струка, од општите паралелки за ученик на генерација беше избран Петар Ќимов, од билингвалната паралелка беше избрана ученичката Емилија Петреска додека од електротехничката струка за ученик на генерација беше прогласен Иле Симитчиев. Им посакуваме во следната година многу успеси на идните генерации.


Емилија Петреска

Thursday, May 24, 2012

Вечната МРТ останува вечна

Посетата на зградата на македонската радио телевизија не импресионираше сите во целост. Приликата да се види едно професионално опремено студио, да се вкуси чувството позади камерите, да се застане во глувата соба, да се види „идиотот“ и начинот на кој се читаат вестите, е тоа е непроценливо!
 

Иако зградата на Македонската радио телевизија не е во состојбата во која била пред десетина години, сепак МТВ си е МТВ. А благодарение на госторпимството и расположението склоно да им се демонстрираат работите на младите новинари ја зачини ситуацијата со уште позитивни впечатоци. Вработените новинари ни демонстрираа како се снимаат вести, како се работи на една радиоемисија во живо, како се подготвува емисијата „Ѕвон“, како се работи позади камерите и така натаму.


 
 Новинарката Мирјана Пиштолова која не водеше низ целата оваа приказна ни даде и збор-два околу нејзината индивидуална кариера. Па проследете овде! :-)


Елена Данова LENA

Високата школа - квалитетно образование низ пракса

При фантастичната екскурзија која ја имаше тимот на TNT во вторникот на 22.05. 2012 , членовите на новинарскиот клуб имаа можност да посетат повеќе интересни институции и да посведочат за тоа како работат професионални установи. Едно од местата избрани за посета беше и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста каде гостопримството заблеска уште кога со десното стапало зачекоривме низ ходниците на овој факултет. 


Откако бевме почестени со презентацијата за активностите и малку поопштирно за насоките и можностите за студирање на Високата школа, имавмеприлика да си го слушаме сопствениот глас како звучи во едно одлично опремено радио студио кое им служи како практика на студентите таму. Веднаш потоа имавме и прилика да се обидеме и како ТВ водители. Воодушевувањето кај нас беше неизмерно.

Доколку имате амбиција да станете новинари или менаџери ова е вистинскиот избор за вас! Високата школа има две насоки за студирање и тоа: Новинарство и односи со јавноста. Со изборот на било која од овие две насоки вие ќе имате можност да се здобиете со одлично теоретско и практично знаење на принципите на професионалното комуницирање и информирање.

Постоењето на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е неопходно за изградувањето на квалитетни идни професионални кадри во областа на новинарството и менаџирањето.






Елена Данова LENA

Wednesday, May 23, 2012

Музејот на македонската борба рамо до рамо со светските музеи


При посетата на Музејот на македонската борба во Скопје, првите импресии беа дека овој музеј може да се носи рамо до рамо со врвните музеи во светот. За нас, овој музеј претставува ризница на наследство кое датира од различни периоди, заедно со војните кои ги поминал нашиот народ и последиците после нив кои оставиле белег врз нашата историја. Низ разни уметнички дела, експонати и ефекти, секој посетител може слободно да добие слика за тешката состојба на нашиот народ но, и борбата која ја водел за да опстане.

Ние ја имавме приликата да бидеме дел од турата која ја водеше водичот Даниела Трајкова- Крстиќ. Низ кратко интервју со неа, ни појасни за сите нивоа од кои е составен музејот, што се' содржи и важноста на овие експоненти за нашиот народ. Обиколката на огромната територија на музејот траеше доволно долго за да се одржи вниманието на оние кои набљудуваа. Начинот на кој беа раскажани настаните беше начин на кој секој еден би можел да разбере и да научи. Ве охрабруваме и Вам да го посетете Музејот на македонската борба и да се уверете со свои очи и на лице место. Во продолжение проследете го интервјуто со цел да дознате повеќе информации за музејот.




Емилија Петреска

Ви го претставуваме Quasar Film

Тимот на Teen News Thunder при својата едукативна екскурзија која ја имаше во вторникот, на 22 мај, имаа прилика да го посетат Quasar Film. Ова всушност претставува компанија каде се врши продукција и пост-продукција но, исто така, овде има и анимација, color grading, VFX, филмска монтажа, како и многу други работи кои ви се потребни ако сакате да направете добар филм, реклама или пак анимација. 


Quasar Film е релативно млада компанија која самостојно започнала да функционира пред три години. "Кога работиме на некој проект даваме максимум, а понекогаш можеме и да преспиеме на работното место."- вели еден од вработените. Низ разговорот со нив, можеше да се заклучи дека секој еден вработен овде, е зависен од својата работа и ја прави без разлика на условите во кои се наоѓа. "Дури и кога не сум на работа поради некои причини, првите неколку дена ќе се одморам но, веќе третата почнува да ми недостасува работата и ќе седнам дома пред компјутер."- изјавува вработена во компанијата, што всушност и го претставува нивното мото:" Потребата е мајка на креацијата." 

При посетата се запознавме со дел од нивниот начин на работа, со рекламите на кои тие имаат работени, кои сигурно многумина од Вас ги имаат проследено на некоја од нашите програми, како и со студиото кое е опремено со нови технички реквизити потребни за релизација на некој проект. 


Проектите на кои тие имаат работено се од комерцијален карактер, како реклами, документарни филмови, долгометражни филмови("Ова не е американски филм") и 5 кратки филмови. Исто така тие се јавуваат како и ко-продукција во некои други проекти. Нивната биографија ја исполнуваат и 2 музички спота. За рекламите од проектот "Macedonia Timeless" имаат освоени неколку награди во кои се вбројува и првата награда на фестивалот во Будва. Сите овие работи, вработените ги објаснија на краток, едноставен и интересен начин но, за оние кои се заинтересирани за нешто повеќе можат да ја посетат нивната веб страна овде каде што ќе можете да ги проследете и нивните проекти.
Од сето ова може да се забележи дека за оваа компанија важи : " Мало, ама жилаво." 


Емилија Петреска





Sunday, May 20, 2012

Еве зошто вреди да се волонтира

Петнаесетина млади луѓе од целата македонија чија заедничка дејност е волонтирањето беа избрани да присуствуваат на семинарот кој го организираше Мировниот Корпус.

 Предавачите беа волонтери од мировниот корпус и ги обучуваа младите волонтери како се прави проект. За време на тродневниот семинар волонтерите престојуваа во Хотел Порта и немаа никакви трошкови на своја сметка. Нивниот придонес преку волонтерското работење во разни невладини организации се покажа како добар начин за запознавање нови луѓе од сите краишта на Македонија, да слушнат различни дијалекти и да стекнат незаборавни пријателски врски.


За време на семинарот се правеа и различни енерџајзери кои ја враќаа потрошената енергија кај учесниците.

Волонтирајте! Вреди! :)







Елена Данова Lena

Friday, May 11, 2012

Доделени стипендии за идни новинари и менаџери



На 10 мај 2012 година, во просториите на МКЦ (Младинскиот културен центар) во град Скопје, беа доделени 14 стипендии на млади талентирани и уметнички души од цела Македонија кои се покажаа во своите афинитети кон новинарството и односите со јавноста. Стипендистите освен тоа што ќе имаат можност да студираат бесплатно на Високата школа за новинарство и за односи со јавност, тие уште имаат и професионален ангажман по своето студирање, во компанијата, телевизијата или радиото кое ги стипендира.
На настанот присуствуваа претставници од Министерството за образование, Наташа Јаневска, претставникот на УНИЦЕФ, господинот Шелдон Јет, како и претставници од компаниите и телевизиите кои им ги доделуваа стипендиите на заслужените победници.
Овогодинешната тема беше: "Заедно за училишта без насилство" на која имаше преку 160 медиумски производи кои беа доста креативни и професионални.
Идните студенти беа поделени на оние кои ќе студираат во отсекот новинарство и оние кои сакаат да студираат односи со јавност. Ви оставаме да погледнете одблизу што се случуваше на церемонијата како и интервјуата кои беа направени со претставникот на Алфа ТВ, господинот Зоран Бојаровски, стипендистите Новица Коцев и Марио Додовски како и со претставникот на УНИЦЕФ, господинот Шелдон Јет. Уживајте!!!


















Елена Данова LENA, Емилија Петреска

Вежбаме,вежбаме...


Во последно време, низ просториите на средното општинско училиште  "Св.Кирил и Методиј" од Неготино започнаа да се крчкат последните подготовки околу матурската вечер. Како и секоја година, така и оваа, младите решија дека најдобро место за да ја прослават матурската е Хотел Парк. Со дочекот на матурската тие го означуваат крајот на средношколските денови, некои едвај чекајќи, додека некои пак, не сакаат тоа воопшто да се случи. 
Низ разговорите помеѓу матурантите, па и професорите, можете да забележете дека се' е поврзано со гардеробата која што ќе ја носат на прославата и што си купиле, како, кога... 
Матурантите пред неколку дена започнаа да го играат орото со кое на некој начин се збогуваат од гимназијата и си се вежбаат за главната вечер. Но, мора да се напомени дека е за пофалби оној кој ќе го скрши мразот и прв ќе застане на орото. 
Да не ви одземаме од времето, можете и самите да проследете...




Емилија Петреска

Thursday, May 3, 2012

Денес е ден на слободата на медиумите


Овој ден е познат по тоа што е ден кога се прославува слободата на медиумите. Колку денес новинарите имаат пристап до јавните информации и колку веродостојно им ги прикажуваат на граѓаните?
Често се среќаваме со пишани или пак некој друг вид на медиуми каде наредбите ги диригираат некои од партиите. Но со тоа тие го нарушуваат најважното нешто во новинарството: Објективност, и само објективност!
Им го честитаме празникот на сите новинари, т.е. на сите борци кои трагаат по вистината. На оние на кои новинарството им постанало начин на живот и дел од него, но и на оние кои некогаш знаат убаво да шпекулираат, па на крај да не знаеш кому да му веруваш! :))))
Денес е ден кога секој новинар се бори за своите права на изразување. Само напред!!!

Емилија Петреска