При фантастичната екскурзија која ја имаше тимот на TNT во вторникот на 22.05. 2012 , членовите на новинарскиот клуб имаа можност да посетат повеќе интересни институции и да посведочат за тоа како работат професионални установи. Едно од местата избрани за посета беше и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста каде гостопримството заблеска уште кога со десното стапало зачекоривме низ ходниците на овој факултет.

Доколку имате амбиција да станете новинари или менаџери ова е вистинскиот избор за вас! Високата школа има две насоки за студирање и тоа: Новинарство и односи со јавноста. Со изборот на било која од овие две насоки вие ќе имате можност да се здобиете со одлично теоретско и практично знаење на принципите на професионалното комуницирање и информирање.
Постоењето на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е неопходно за изградувањето на квалитетни идни професионални кадри во областа на новинарството и менаџирањето.
Елена Данова LENA
No comments:
Post a Comment