Тимот на Teen News Thunder при својата едукативна екскурзија која ја имаше во вторникот, на 22 мај, имаа прилика да го посетат Quasar Film. Ова всушност претставува компанија каде се врши продукција и пост-продукција но, исто така, овде има и анимација, color grading, VFX, филмска монтажа, како и многу други работи кои ви се потребни ако сакате да направете добар филм, реклама или пак анимација.
Проектите на кои тие имаат работено се од комерцијален карактер, како реклами, документарни филмови, долгометражни филмови("Ова не е американски филм") и 5 кратки филмови. Исто така тие се јавуваат како и ко-продукција во некои други проекти. Нивната биографија ја исполнуваат и 2 музички спота. За рекламите од проектот "Macedonia Timeless" имаат освоени неколку награди во кои се вбројува и првата награда на фестивалот во Будва. Сите овие работи, вработените ги објаснија на краток, едноставен и интересен начин но, за оние кои се заинтересирани за нешто повеќе можат да ја посетат нивната веб страна овде каде што ќе можете да ги проследете и нивните проекти.
Од сето ова може да се забележи дека за оваа компанија важи : " Мало, ама жилаво."
Емилија Петреска
No comments:
Post a Comment