
Овој проект е во координација на Емилија
Андонова и италијанскиот волонтер Анџело Распанте и е дел од палетата проекти
од оваа година при оваа органзација. Младите создаваат, креативно се изразуваат и
воедно помагаат вклучени во заедниците, затоа ќе ни пласираат содржајни минути.Се
работи за еден проект со кој Центарот за Регионален Одржлив Развој открива за
важноста на волонтеризмот врз личниот развој како и заедницата. Дали младите
рационално го користат своето време или се комплетно влезени во утопијата на
социјалните мрежи. Колкумина од младите воопшто знаат за проектите и
организациите кои им се нудат, колку можат а колку сакаат да дознаат за истите.
Моментално овој мини филм е во изработка
и на него се работи со полна пареа.
Снимањата се одвиваат на токму очекуваните
места каде постојано ги гледате лицата на овие амбициозни млади, па не се
изненадувајте доколку фатете некоја улога во нивна режија. Нека вашата
имагинација за бескрајната креативност на младите проработи додека документарецот
не биде прикажан до крајот на месецов. Дотогаш им преостанува многу работа и
секако многу забава.
Анета Трајкова
No comments:
Post a Comment