Вчеравечер во салата „Бели мугри“ во Велес со почеток од 19 часот, центарот за помош на лица со попреченост во развојот ПОРАКА НЕГОТИНО ја одигра третата премиера од претставата „Мрзливата жена и метлата“. Сценариото за претставата е според текст од книгата на Шенка Колозова, а за режијата беа одговорни Верица Ташева и Валентина Тасева.
Во вчерашните подготовки за претставата учествуваа и ЗЛЦП - Здружението на лица со церебрална парализа од Велес кои пред самиот почеток имаа мала изложба на рачно изработен накит со продажен карактер. Прстените, ланчињата, обетките, шолјите за чај и останатите сувенири предизвикаа голем интерес кај оние кои доаѓаа да ја видат ’мрзливата жена‘.
Остануваат уште неколку изведби за проектот да се заокружи како доста успешен. Од ПОРАКА НЕГОТИНО велат дека наредната недела планираа да дадат уште две претстави - во Неготино и Кавадарци.
Елена Данова
No comments:
Post a Comment