„Иако ’Љубовна религија‘ веќе подолго време е пуштена во
етерот, мислевме дека оваа нумера навистина заслужува видео метеријал, со кој ќе се раскаже целата приказна и ќе се промовира
Југоисточната македонска култура“, вели Јоце Панов, кој заедно со Дарио Јанковиќ и продукцијата одлично се снајдоа
во своите улоги. па овој регион на Македонија на некој начин доби свој промотивен запис со сите рекреативни и туристички
локалитети, манастири и цркви.
Изминатата недела, во пријатната атмосфера на убавите југоисточни туристички локации на Дорјан, Струмица, Радовиш, Ново Село, Гевгелија, Василево, Конче и Босилово, се снимаше спот за песната „Љубовна религија“. Секундарната цел на видео записот е промоција на убавините од југоисточниот регион,со сите негови природни реткости и туристички локалитети, но и пред се’ за промоција на културното и природно наследство на сите овие општини.
Јоце Панов потпиша соработка и со познатата продукциска куќа од соседството „City records“, преку која младиот пеач најавува концертна промоција на српскиот, босанскиот и црногорскиот пазар.