Search

Monday, October 29, 2012

Ивана Поповска подготви вистинско изненадување - нова книга насловена "Ги допирам ѕвездите".

„И кога целиот свет ќе ме напушти и не знам каде да се обратам, погледнувам длабоко во мојата душа на која и’ треба слобода и мир, поттик и емоции. Верувам во чудата затоа што ми се случуваат, верувам во чувствата затоа што ги има длабоко во мене“, вели младата поетеса.

„Дали знаеш како да ги претвориш сопствените желби во реалност, да изградиш став за една љубовна мисија и да не попушташ кога некој ќе рече дека не е така!?“

Раскажувајќи многу животни и љубовни приказни за многу освоени и загубени љубовни битки, вели дека сето тоа го преточила во пишаниот збор. Неодамна ја промовираше својата прва книга насловена "Виори низ светот на заљубените", а сега повторно подготвува изненадување за своите читатели и љубителите на пишаниот збор. Деновиве во печат ќе влезе новата збирка - песни, која ќе го носи името "Ги допирам ѕвездите", каде во многу од песните е опишано како еден "нормален" и секојдневен љубовен избор може да те однесе во погрешен правец.

„Пресреќна сум што моите дела допираат до срцата и душата на љубителите и читателите на литературата. Низ страниците на мојата втора книга можат да се најдат низа личности. Стилот е разбирлив, а песните се реални и поучни за тие кои сега влегуваат во љубовните води. Ви благодарам на сите што ме поддржувате и ги читате моите дела“, со радост зборува Ивана.

На почетокот на декември младата поетеса својата нова книга ќе ја промовира во родното Пехчево и во Скопје, кога читателите ќе имаат можност да чујат интерпретација на нејзините стихови.

No comments:

Post a Comment