Search

Monday, October 29, 2012

„Љубовна религија“ на Јоце Панов ќе добие спот

„Иако ’Љубовна религија‘ веќе подолго време е пуштена во етерот, мислевме дека оваа нумера навистина заслужува видео метеријал, со кој ќе се раскаже целата приказна и ќе се промовира  Југоисточната македонска култура“, вели Јоце Панов, кој заедно со Дарио Јанковиќ и продукцијата одлично се снајдоа во своите улоги. па овој регион на Македонија на некој начин доби свој промотивен запис со сите рекреативни и туристички локалитети, манастири и цркви.

Изминатата недела, во пријатната атмосфера на убавите југоисточни туристички локации на Дорјан, Струмица, Радовиш, Ново Село, Гевгелија, Василево, Конче и Босилово, се снимаше спот за песната „Љубовна религија“. Секундарната цел на видео записот е промоција на убавините од југоисточниот регион,со сите негови природни реткости и туристички локалитети, но и пред се’ за промоција на културното и природно наследство на сите овие општини.

Јоце Панов потпиша соработка и со познатата продукциска куќа од соседството „City records“, преку која младиот пеач најавува концертна промоција на српскиот, босанскиот и црногорскиот пазар.

No comments:

Post a Comment