Search

Sunday, November 11, 2012

Есенска прикаска...


     

         Велат есента е време на промени, успокојување на старото, конвенционалното и  превезеното. Настанува мир, напреку разбеснетиот свет, отфрлајќи го натежнатиот товар од плеќите одпреку годината. Се расејува новиот ни плод, се крои новата ни година, се ројат разѕвездените жарчиња... И сето тоа, онака блика, во душата на едно тешко премреже, суд за сè она што упокојувало и изискува прибежиште во чудното ни катче од сушноста. Сè некако се донадоврзува, барајќи си го, ткаејќи си го новиот пат, притоа сосема несмасно, возобновувајќи го темелот на новото битисување.
Внатрешна душевна катарза, провиденија на совеста и на душевнта моќ, прочистеност од сите гревови кои се виреле, и сè така по ред, си прередува жолтата принцеза. Со крикот на последните птици песнопојки го носи гневот, огорченоста и бесот некаде на југ. Со волшебен лик ги вее маките, и со прекрасна насмевка ги трга спомените. Потоа ги запрегнува во рој и со еден непрекосновен вик ги втурнува во патешествие на самопронајдување, а таа самата греејќи со одѕвонот од веселата гарда, полетнува низ универзумот. 
Сублимација на мислите, на сржта на нашите замисли, мечти и стремежи, велат, наговестува нашиот северко. Ги засекува и последните лисје, вејките на ветровите и се губи во просторот, не оставајќи те спокоен, удирајќи те во срцето и како притоа да ја заборавил твојата посвета кон дамнешните тегоби. Сè си има свој крај... Но тој не го остава да тони во вечноста оној миг. Го развејува низ семирот, си игра со него, го гмете силно притиснат во неповрат и одѕунува низ истрајноста.  И тоа се случува токму тогаш кога денот полека се намалува, а ноќта предводи, но тогаш лаците светлина битка бијат, сариси мерат со пркосниот ноќен јунак, поглед воздигнуваат во ушите на раштраканите суштества по земјата. Колку ли се беспрекорни тие светличиња, кои што продираат низ маглата и онака чудно светкаат по небесата, блексаат мигум во илјадници златнокрасни нијасни и се лелелат нафрлувајќи му се на семоќниот северко. Го тераат да испушти некој отсикот од она што било низ месечевите сјаења, да врежи нешто што е врежано и притмаено далеку во совеста. И така бидува, да се обродат чувствата и да се консолидираат впечатоците.

                И така одеднаш, некаде од далеку, ќе се зададат зданија на небесниот плот, и онака во разни форми ќе се истурат на патетичните издигнувања на природата. Ќе се развее изгубеноста низ сето она што нè опкружува и ќе го сокрие покајанието, недавајќи му можност на царството негово. И така сите кои му веруваа на искушението и окајувањето на гревовите се ограничуваат од свирепиот настап на сланата, маглата и смогот, сите заедно и ратревожени од нивната неуморност засолниште бараат во топлите домови. На плотта штрека, штипи со своите нечисти раце, студот. Тој ја разгласува новата вест и го буди чадот кој тлее над секоја куќа, како чувар на среќата и красноста. Далеку од бурата, во сигурно место се стуткале притиснати во некое ќоше рожбите на прогресивноста. Но онака чудни и изморени бдеат некаде далеку од импулсивноста, слушајќи ја секоја капка од дождот како ѕуни по олуците и како се лее низ браздите на едно немирно лице, на еден срамежлив образ од едно несмасно око, она кое што некогаш беше блеснато од златното ни сонце. И така вовлечени во плотта, гнилежната срж на постоењето, ја одбегнуваме бессмртноста, неприбирајќи ги вистински чувствата кои лебдат слободно во воздухот. Но затоа таа е тука, да го проникне она новото и исконското во нас, она кое што татне околу нас од дамнината, и да нè издигне со нови сили до висовите на битието.
                Есента владее со светот!
Илија Николов

"Celui qui se transforme en bête se délivre de la douleur d'être un homme." - Samuel Johnson


Monday, November 5, 2012

Што се случува во студиото на СУПЕР РАДИО?!

Целата атмосфера во студиото се снима. Двајца судии од Гинис се менуваат периодично на неколку часа и ќе се грижат за се’ да протече во најдобар ред, а медицински екипи го посетуваат радиото на неколку часа. Водителите може да користат пауза на секој час по 5 минути, но тие одлучија да прават пауза на секои 6 часа од по 30 минути.

Дали водителите ќе издржат повеќе од 74 часа за да го урнат рекордот на KISS FM од Германија?!

Интересно е што целиот настан, покрај на 97.00 ФМ во регионот кој го покрива станицата, во аудио форма се пренесува во живо и на интернет мрежата, се пренесува исто така преку платформата на Веб Макс Тв и оди во живо и во видео форма на http://20.superradio.com.mk.


Мите Јаначков

Sunday, November 4, 2012

Македонци ќе го рушат Гинисовиот рекорд во најдолга радиоемисија

По повод 20-годишнината од своето постоење, охридското Супер Радио 97FM, утрово, во 8 часот почна емисија во живо која е ќе трае до 7-ми ноември напладне. Целта на Супер Радио е да го урне актиелниот Гинисов рекорд за најдолга радиоемисија од 74 часа на KISS FM од Германија.

Од 04 до 07 ноември на Супер радио, обид за уривање на Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија. 20 години Охрид е СУПЕР.“ - пишува на веб-порталот на охридското радио.

 „Имавме неколку идеи за прославување на роденденот, но оваа ја одбравме како најпривлечна и сметаме дека на овој начин во целиот свет ќе се слушне за Охрид, а Македонија ќе се најде на светската мапа во оваа област“, велат од СУПЕР РАДИО.

Можеби сета оваа ситуација, на прв поглед, делува како непланирана и спонтана, но за оваа цел била потребна голема колективност и внимателно планирање и организирање.

„Проектот се подготвуваше повеќе од шест месеци. Планираме прво да го достигнеме рекордот на Игор Џамбазов од 24 часа и 1 минута, а за натаму ќе видиме. Доколку се’ биде во ред, нема да се откажиме, освен ако се случат непредвидени ситуации како здравствен проблем“, откриваат од охридското радио.

Целиот настан се снима, двајца судии од Гинис се менуваат  на неколку часа и  се грижат за се да биде во најдобар ред, медицински екипи го посетуваат радиото на неколку часа.Водителите може да користат пауза на секој час по 5 минути,но тие одлучија да прават пауза на секои 6 часа од по 30 минути.

Интересно е што настанот, покрај на 97.00 ФМ во регионот кој го покрива станицата, во аудио форма се пренесува во живо и на интернет мрежата се пренесува исто така преку платформата на Веб Макс Тв и оди во живо и во видео форма на: http://20.superradio.com.mk/ 

Во времето на своите подеми, Џамбазов, остварил еден рекорд со својата 24-часовна радиоемисија, која е многу значајна, а сега, охриѓани, се обидуваат да направат рекорд кој доколку се оствари ќе биде огромен плус како за македонското радиоводителство, така и за Македонија.


Елена Данова

Saturday, November 3, 2012

Сите можеме!





Центарот за помош на лица со ментален хендикеп- ПОРАКА НЕГОТИНО во средата 31-ви октомври свечено го закити завршетокот нa проектот Социјално вклучување на лицата со хендикеп во заедницата,преку работно ангажирање” со музичка манифестација и конкурс на фотографии со тема И јас можам. Настанот се одигра во дворо на дневниот центар, каде што после презентацијата на проектите, сите се забавуваа со изведби да значајни музички имиња од Македонија.




Станува збор за проекти во иницијатива на Институтот за човекови права, Лудвиг Болцман како и на општината се со цел за намалување на сиромаштијата и подигање на јавната свест. Овие два проекта извршија двострани едукации кај корисниците на услугите на ПОРАКА НЕГОТИНО кои се вклучиле во активноста, а и на населението, за почиста животна средина.



Лицата со ментална попреченост, на лице место покажаа како тие ја обработуваат пластиката, а Ганчо Караџовски го објасни целиот циклус преку кој тие заработуваат - „Ги селектираме и оделуваме шишињата со различни бои потоа ги пресуваме со големата машина. Кога тие се готови ги продаваме и земаме плата.“








На свеченоста беа изложени наградените фотографии од конкурсот И јас можам, како и пластичните креации на корисниците и група на средношколци.
















Забавниот дел беше во рацете на  Игор Узунов, Владимир и Драги, Кристина Палија, Александра Михова и Билјана Ѓошева од Идол, а настапи и КУД „Ацо Ѓорчев“ со најмладата група.






По завршувањето на манифестацијата присутните можеа да го насочат своето внимание на мини-закуската која ја подготви Велика, лице со попреченост во менталниот развој и вработена во кујната на овој центар


                                                                                                   Анета Трајкова

Friday, November 2, 2012

Halloween, a glimpse of the dreadfulness...


Halloween или ноќта на вештерките е најинтересниот католички празник. По тој повод, во темната ноќ на 31 октомври во Центарот за Регионален Одржлив Развој – Неготнио, се одржа „Балот на вештерството“.

Членовите создадоа застрашувачка атмосфера привлекувајќи го она „натприподното“ со нивните мрачни, престрашни костими. 

Во Неготино, т.н. западен обичај не се практикува многу, но затоа центарот си зеде на должност до неговите членови да им го доближи овој празник, притоа давајќи им ја можноста и тие да го почуствуваат „вкусот“ на стравот, ужасот и проколнатоста.

Вечерта мина во  „најморничав“ тек. Сепак, тука беа слатките, кои што традиционално се делат за овој ден, па така великодушноста ги поврза сите. По вообичаеното дружење, сликање и забавување, следуваше балот на вампирите, со кој што се заокружи ноќта.

Ваквите видови настани навистина го збогатуваат културно-забавниот живот на младите, социјализирањето и им помагаат да се насочат кон продуктивни потфати. Исто така им вродуваат чувство на инклузивност и разбирање за другите култури.