Search

Sunday, November 4, 2012

Македонци ќе го рушат Гинисовиот рекорд во најдолга радиоемисија

По повод 20-годишнината од своето постоење, охридското Супер Радио 97FM, утрово, во 8 часот почна емисија во живо која е ќе трае до 7-ми ноември напладне. Целта на Супер Радио е да го урне актиелниот Гинисов рекорд за најдолга радиоемисија од 74 часа на KISS FM од Германија.

Од 04 до 07 ноември на Супер радио, обид за уривање на Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија. 20 години Охрид е СУПЕР.“ - пишува на веб-порталот на охридското радио.

 „Имавме неколку идеи за прославување на роденденот, но оваа ја одбравме како најпривлечна и сметаме дека на овој начин во целиот свет ќе се слушне за Охрид, а Македонија ќе се најде на светската мапа во оваа област“, велат од СУПЕР РАДИО.

Можеби сета оваа ситуација, на прв поглед, делува како непланирана и спонтана, но за оваа цел била потребна голема колективност и внимателно планирање и организирање.

„Проектот се подготвуваше повеќе од шест месеци. Планираме прво да го достигнеме рекордот на Игор Џамбазов од 24 часа и 1 минута, а за натаму ќе видиме. Доколку се’ биде во ред, нема да се откажиме, освен ако се случат непредвидени ситуации како здравствен проблем“, откриваат од охридското радио.

Целиот настан се снима, двајца судии од Гинис се менуваат  на неколку часа и  се грижат за се да биде во најдобар ред, медицински екипи го посетуваат радиото на неколку часа.Водителите може да користат пауза на секој час по 5 минути,но тие одлучија да прават пауза на секои 6 часа од по 30 минути.

Интересно е што настанот, покрај на 97.00 ФМ во регионот кој го покрива станицата, во аудио форма се пренесува во живо и на интернет мрежата се пренесува исто така преку платформата на Веб Макс Тв и оди во живо и во видео форма на: http://20.superradio.com.mk/ 

Во времето на своите подеми, Џамбазов, остварил еден рекорд со својата 24-часовна радиоемисија, која е многу значајна, а сега, охриѓани, се обидуваат да направат рекорд кој доколку се оствари ќе биде огромен плус како за македонското радиоводителство, така и за Македонија.


Елена Данова

No comments:

Post a Comment