Центарот за помош на лица со ментален хендикеп- ПОРАКА НЕГОТИНО во средата 31-ви октомври свечено го закити завршетокот нa проектот “Социјално вклучување на лицата со хендикеп во заедницата,преку работно ангажирање” со музичка манифестација и конкурс на фотографии со тема “И јас можам”. Настанот се одигра во дворо на дневниот центар, каде што после презентацијата на проектите, сите се забавуваа со изведби да значајни музички имиња од Македонија.
Станува збор за
проекти во иницијатива на Институтот за човекови права, „Лудвиг
Болцман“ како и на
општината се’ со цел за
намалување на сиромаштијата и подигање на јавната свест. Овие два проекта
извршија двострани едукации кај корисниците на услугите на ПОРАКА НЕГОТИНО кои се вклучиле во активноста, а и на населението, за
почиста животна средина.
Лицата со ментална попреченост, на лице место покажаа како тие ја
обработуваат пластиката, а Ганчо Караџовски го објасни целиот циклус преку кој тие заработуваат - „Ги селектираме и оделуваме шишињата со различни бои потоа ги пресуваме со големата машина. Кога тие се готови ги продаваме и земаме плата.“
На свеченоста беа изложени наградените фотографии од конкурсот “И јас можам”, како и пластичните креации на корисниците и група на средношколци.
Забавниот дел беше во рацете на Игор Узунов, Владимир и Драги, Кристина Палија, Александра Михова и Билјана Ѓошева од Идол, а настапи и КУД „Ацо Ѓорчев“ со најмладата група.
По завршувањето на манифестацијата присутните можеа да го насочат своето внимание на мини-закуската која ја подготви Велика, лице со попреченост во менталниот развој и вработена во кујната на овој центар
Анета Трајкова
No comments:
Post a Comment