Search

Sunday, June 24, 2012

Лица со хендикеп ќе играат во претставата „Мрзливата Жена и Метлата“

Оваа претстава е типичен начин на кој Македоскиот народ низ својот хумор и досетливост успеал да го прикаже осамениот живот на Петко, но и несекојдневните пресврти со кои се соочува со доаѓањето на неговата нова жена. Проблемите имаат карактер на мрзливост, а начинот на кој Петко се справува со нив е повеќе од интересен.

 Драматизацијата за претставата е превземена од книгата на Шенка Колозова “Народни приказни - драматизации”, и е прилагодена според можностите на корисниците од ПОРАКА НЕГОТИНО-Неготино.


Составена од осум чина, претставата дава слика за животот и проблемите со кои човекот се соочува во секојдневието, исполнето со мисли, чувства и страдање, се обработува трпението и лукавоста на Петко, неговата верба, љубов и надеж.

Изведбата на актерите со сигурност ќе ве воодушеви. Премиерата на претставата е на 25.06.2012 (понеделник) во КИЦ (Културно информативен центар) Скопје со почеток од 19:00 часот, а за неготинци ќе има и организиран бесплатен превоз токму за премиерата.


Елена Данова

No comments:

Post a Comment