Search

Monday, June 25, 2012

Премиерно, метлата успешно заигра

фото: Владимир Карловиќ
Најавуваната драмска претстава на Дневниот центар за лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО - Неготино под наслов „Мрзливата жена и метлата“, а во изведба на корисниците на услугите на дневниот центар и волонтерите во ПОРАКА НЕГОТИНО денеска успешно се одигра на сцената на Културно информативниот центар КИЦ. Претставата беше одржана во Скопје со почеток од 19 часот, а изведбата на аматерите актери беше воодушевувачка. Пофалбите од страна на публиката исто така не изостанаа.

После премиерата претставава ќе се одигра и низ повеќе градови во Македонија како Куманово, Струга, Кавадарци, Неготино, Дојран... Претставата е подготвувана според текст на Шенка Колозова, а режисерската палка ја превземаа Верица Ташева и Валентина Тасева.




Елена Данова

No comments:

Post a Comment