Search

Sunday, February 26, 2012

Кога и како е формиран Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино



Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино е невладина организација која постои од 2005год. Формирана е од страна на Симон Андов, млад креативен човек, кој учествувајќи во ЦКА-ПХВ проект, добил идеа да формира клуб во кој младите ќе прават многу вакви проекти. Својата идеа ја споделил со пријателите, па заедно решиле да го направат тој голем чекор. Со текот на времето бројот на членовите во овој клуб се зголемувал и денес брои околу 70 активни волонтери. Работи во склоп на ООЦК Неготино. Целта на оваа организација е да им помага на луѓето кои имаат потреба од тоа. Преку дружба и забава младите им помагаат на многу сиромашни, болни, гладни лица...



Како работи Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино?
Преку своите идеи за подобар свет волотерите во овој клуб ги шират принципите на Црвениот Крст. Нивните активности се засновани на интересите и потребите на сите млади луѓе и луѓето кои сакаат посреќно и поздраво општество.Креативноста, ентузијазамот, позитивната енергија и меѓусебното почитување на секој од волонтерите овозможуваат нивната работа да оди многу добро. Преку многуте акции и проекти се собираат парични средства кои секојпат имаат различна


                                                          -забавата под наслов  ,,Хуман потег за помош"-



намена. Се собираат пари за лица кои имаат потреба од операција, лица кои имаат потреба од покрив над главата и сл. И не се секогаш во прашање само парите. Многу често, волонтерите со својата позитивна енергија носат насмевка на нечие лице подарувајќи му топла прегратка. Се прават многу акции за одбележување на многу важни датуми и празници како што се: 8-ми март денот на жената, велигден, неделата за грижа на стари лица, неделата за борба против сидата, денот на гладот, неделата на младите и многу други. Многу често се посетуваат старите лица со цел да им се покаже дека тие не се заборавени од младите. Исто така се организираат и многу дружења со лицата со посебни потреби. Се прават презентации за дрогата, трговијата со луѓе, сидата и многу други актуели теми. Секоја акција со себе носи и многу дилеми и проблеми, но волонтерите работејќи во тимови го надминуваат сето тоа, за на крајот да ја надополнат долгата низа од успешни акции.

Што значи да бидеш волонтер во Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино?
Да волонтираш во Црвен крст значи ефикасно да го трошиш своето слободно време, истакнувајќи ја својата хуманист.  Да учествуваш во акции од кои придобивките се големи. Добиваш и ти, но и околината. За секоја акција се прават по неколку тимови кои работат на својата задача, како на пример наоѓање на простор за некоја забава, барање помош од институциите, планирање на целата акција и сл. Во тие тимови секој од волонтерите може да се запознае со лица со кои претходно немал никаков контакт, а сега работи заедно со нив. Кругот на пријатели се зголемува, исто како и знаењата од различни сфери.


             -волонтерите со свој штанд излегоа и на неготинскиот панаѓур, продавајќи облека која беше донација од Германија-

Во секоја од акциите волонтерот може да сретне работи за кои претходно нема слушнато. Така, на еден многу забавен начин учи нешта кои еден ден многу ќе му бидат потребни. Секој од волонтерите може да биде координатор на некоја акција, ако смета дека тоа може да го заврши најдобро што може. Да бидеш волонтер, значи, да бидеш одговорен и креативен млад човек кој е инспириран од слободната волја да помогне некому.
Секоја добро завршена акција, носи насмевки во овој клуб, како и насмевки на лицата кои ја добиле помошта. Како награда за успешните акции, младите си организираат забави и дружења во нивното заедничко катче  -Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино. За време на летниот период се одржуваат семинари на кои волонтерите ги збогатуваат своите знаења за работата на Црвен Крст, како и многу актуелни теми. Да волонтираш во овој клуб, значи, да имаш желба да им го подобриш животот на многу лица. Секој волонтер доаѓа во овој клуб со цел да донесе насмевка на нечие лице и топлина во студеното детско срце, а притоа не барајќи ништо за возврат .    
                                                    -одбележување на Велигден-


Што е тоа ЦКА-ПХВ проект?
Црвен Крст во Акција-Промоција на хуманите вредности е проект кој се изработува од страна на волонтерите веќе неколку години наназад. Проектот се состои од: обука од страната на дисеминаторите на која младите преку разни вежби и задачи учат да ги препознаат потрбите на заедницата и како да се подготви, имплементира и документира ЦКА-ПХВ проект.
По оваа обука започнува реализацијата за проектот. Во група од неколку волонтери се избира целна група, односно лице за кое ќе биде наменет проктот. Со својата креативност, младите наоѓаат начини преку кои ќе го реализираат својот проект, со помош од дисеминаторите.
 Откако проектот е готов, тој се оценува. Според оценките, претставници од најдобрите проекти земаат учество во финалната ЦКА-ПХВ работилница. Таму, ги продлабочуваат своите знаења од областа на културата и комунирацијата, а најдобрите учесници на оваа работилница потоа имаат можност да бидат дел од Националното друштво на различни меѓународни настани. 
Преку ваквите проекти младите се здобиваат со знаења и познанства кои ќе им отворат широки врати во иднина. Добиваат можности да научат многу нови нешта, притоа помагајќи некому.


                                                                                                                           
                                                                                                 Билјана Толкова

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО СОСТАВОТ НА ТЕАТАР „КРИК“




Во ова, второ издание на младинското списание TNT, ви нудиме интересно интервју со главните фаци од театарот „Крик“. Мирјана, Роберт и Сашо се токму оние кои умеат слатко да не насмеат на своите настапи. Тие, последен пат во Неготино беа на 30.12.2011 г. кога настапија со претставата „Дедо Мраз и пајчето Патко“. Погледнете го интервјуто кое го направивме со нив!




***    На дамата ѝ ја даваме предноста, еве го интервјуто со Мирјана Ристова...
·         Како започна вашата актерска кариера, кога се појавија првите стремежи и како започнавте да го реализирате вашиот стремеж кон актерството?
-          ...Ненадејно,несвесно. Уште од многу малечка моите родители многу често ме носеа во театар… Навистина често. Мислам дека уште од тогаш ми се вроди желбата, иако истите тие кои ми ја вродија љубовта кон театарот,  не ја прифатија баш најдобро идејата, нивната ќерка да стане актерка. Актерската кариера ми започна со дуодрамата Едно утро, потоа следеше документарен игран филм „Ти си жива “,па приказните на МТВ и СИТЕЛ... И се така по ред, полека но сигурно J
-           

·         Како се роди театарот „КРИК“, кога и колку време постои?
-          На почетокот работевме за други театарски трупи. Еден ден рековме доста е, мораме да градиме нешто наше, нешто со кое ќе се гордееме и со кое ќе оставиме печат. Мислам и успеавме во тоа , успеавме од проста причина што тоа го сфативме многу сериозно. Значи почнавме сами да пишуваме свои текстови , самите ние да узработуваме костими и сценографии... Сето тоа се случуваше во 2004 год. кога јас и Сашо бевме втора година на факултет ( деца).

·         Која е вашата утринска мисла?
-           Утринските мисли ми се поврзани со обврските, значи, секој ден мислата ми е различна.

·         Читателската публика на TNT, која претежно е сочинета од неготинската младина, мислам дека би ја интересирало да прочита нешто повеќе околу вашата поврзаност со Неготино. На кој начин се роди љубовта која сплотила две уметнички души? J
-          ...Мислев се подразбира - што може да сплоти две уметнички души, а истовремено едната да е од Неготино?  Ж*та  Неготинска  (хахаха)се шегувам. Немам никаква поврзаност со Неготино, освен што имам маж од таму,и дете кое е полунеготинче. Мала работа,зарем не?  Љубовта се роди многу спонтано,уметнички во далечната 1999год. од минатиот век. Леле ама сме биле јас и Роберт стари...Ти благодарам  што ме потсети.


·         Кои се ваши омилени работи, а што ве нервира?
-          Ме нервираат многу работи: ме нервира трката по пари која е приоритет во скоро секој дом, а со самото тоа губење на топлината во едно семејство, лицемерието кое владее,алчноста,себичноста...
А омилена работа ми е пиње на кафенце во некој добар кафич,со добра музика и секако убав поглед .  Скромна личност сум зарем не? J

·          Опишете ги најкратко вашите главни соработници од театарот „КРИК“, Роберт Ристов и Сашо Ристовски. J
- Роберт 183см.,црн со кафеави очи. Иако мислев дека нема поцрн од него, се појави Сашо троа поцрн, со зелени очи
J

·         Што невообичаено би им препорачале на читателите на TNT?

-          Па бидејќи ги поминавме Новогодишните и Божиќните празници, мислам дека  е многу невообичаено, на сите ваши читатели, со мало задоцнување, да им ги честитам празниците. J



*** Роберт Ристов за многумина од вас е препознатлив пред сè поради неговото неготинско потекло. 

·         Што значи да се биде актер, што значи да се застане на штиците што живот значат? Во однос на вашата професионалност како поминувате еден просечен ден?

-          Да се биде актер, значи да си подготвен да живееш некоја од многуте вистини на сцена.  Притоа, таа вистина мора да се живее со бараниот интензитет, нештедејќи ги енергијата, емоциите и креативноста, за да на крајот,  таа целосна креација наречена –ЛИК, стане единствена, оригинална  приказна, која се живее овде и сега, во дадениот миг   и е доволно оригинална и вистинита за да го задржи вниманието на  гледачот во публика.
 Да се биде актер, значи да си подготвен кога е потребно вистински да патиш, вистински да си среќен, вистински да си заљубен, вистински да си бесен, да повредуваш или да бидеш повреден... 
...Во однос на колегите и барањата на режисерот,  да бидеш  прилагодлив, компромисен, кога е потребно наметлив, но и попустлив затоа што ти си дел од сложувалката наречена претстава или филм, чии главен автор е режисерот. 

·         Нешто повеќе за вашето детство, каде поточно ја откривте желбата и амбицијата кон актерството? Како започна сето тоа?

-          Откако знам за себе си, уживав во гледањето  на филмови.  Дури и оние филмови кои за другите беа „досадни“, „бавни“, „по незнам колку пати репризирани“, за мене секогаш беа интересни. При секое гледање забележував нешто ново, се предавав на емоциите, учев  за луѓето и карактерите...   и најверојатно потајно сум мечтаел  да станам дел од тој филмски свет.
Аматерски се бавев со пеење, играње во КУД,  Џез-балет, радио водител, новинарство, поезија, па дури и манекенство (ха...ха..ха...), театар, ракомет, кошарка (Фудбал –никогаш,  и с
è уште сум најмалку посакуван играч во било кој маалски тим). 
Кумановци на ова би рекле :„ БАТКО Ѓорѓија -све што је видеа све је пожелеја“. Но сепак нај големи успеси покажав во пеењето, во периодот кога неколку години по ред на манифестацијата НАЈДОБАР ГЛАС ,ги освојував наградите од публиката и   жирито, кога неколкупати бев повикан да снимам во тогашната единствена  македонска телевизија МТВ.  Кога сите мислеа,  дека сум на сигурен пат да станам пеач, јас се заситив и се откажав од пеењето и пробував се останато, за да на крајот се одлучам за глумата.  Првиот ангажман во аматерскиот театар ми се случи во четврта средно, и можеби токму затоа што ми беше последно талкање, и за мене беше се уште нешто ново и не изживеано, па така и се одлучив да продолжам на ФДУ.
Сметам, дека и не така случајно ја одбрав оваа професија, во која секоја нова улога значи нов пат, ново искуство, ново истражување, самопреиспитување и самопотврдув ање, што е некаква одлика и потреба на мојот карактер.

·         Дали е тешко да се „одлепи“ приватното од професионалното и како вие се справувате со тоа?

-          Признавам дека се уште не сум го нашол методот за одвојување на приватното од професионалното, и  не сум сигурен дали тоа го сакам и дали тоа воопшто е можно. Актерството е професија  која се темели на преживувањето на сцена, и се базира на сопственото и туѓото животно искуство.  Има моменти кога се трудам по излегувањето од театар да не мислам на ликовите, туку да се посветам на најблиските....Но  тоа секогаш не ми успева.  Често се прекорувам поради тоа, но од друга страна, свесен сум и дека голем дел од решенијата за одредени сцени не ги пронаоѓам за време на проби, туку дома или во град, во миговите  кога неможам да се отргнам со мислите од ликот . Дури и кога сум сигурен дека во моментот ја живеам мојата приватност, со мојте нај блиски, свесно отуѓувајќи се од сé она што се вика ТЕАТАР, се случуваат моментите кога ликот ми краде од приватноста, кога одредени зборови или ситуации ме навраќаат на слатките проблем поврзани со него. Не ретко, во тие мигови, се кријат вистинските одговори на нерешливите проблеми околу новиот лик.

·         Споделете нешто повеќе за вашиот придонес во македонскиот филм „Ти си жива“, дали имавте посебна мотивација да ја одиграте вашата улога овде?

-          Мотивацијата  заради која го отпочнав проектот беше да остварам уште една улога која „под дифолд“  сакам да е подобра од претходната.
Тоа што дополнително ме прави да се чувствувам среќен и корисен е фактот дека со овој филм,  станав дел од луѓето кој на свој начин допринесуваат за ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ.

·         Имате многубројни улоги во театар, филм како и во разни ТВ проекти. Тешко ли е да се премине од една улога во друга?

-          Моја тенденција е секогаш да се прикажам себеси во поинакво светло, да креирам лик кој по многу нешта ќе се разликува од останатите... Но факт е и тоа дека сите тие ликови кои јас сум ги играл, имаат нешто заедничко а тоа сум ЈАС- самиот.

·         Кој е вашиот секојдневен ритуал кој ама баш секој ден го спроведувате?

-          Тоа е ритуал кој верувам дека по ништо посебно не се разликува од секојдневието на другите.
...Се будам,бакнеж за доброутро на жена ми и син ми, бања, кафе, појадок, проби, претстави , а во зависност од нив -ручекот и вечерата -дома или на работа.... Слободното време се обидувам да го поминам со луѓето кои ги сакам....

·         Опишете ги најкратко вашите главни соработници од театарот „КРИК“, Мирјана Ристов и Сашо Ристовски.

-          Тоа се луѓе со кои на професионален план неколку години константно соработувам, големи  професионалци ,  луѓе на кои можам да се потпрам , во кои имам доверба и знам дека се трудат секогаш да го направат најдоброто за ТЕАТАР КРИК.

***      На ред доаѓа и третото парче од театарот „Крик“, Сашо Ристовски кој исто така проговори интересни работи за себе.

·         Ве знаеме пред сè од народните приказни и од театарот. За да се постигне овој степен на кој се наоѓате вие токму сега, колку скалила треба да се искачат? Од каде започнавте вие и по која патека тргнавте, по онаа полесната или сепак го избравте потешкиот пат?
-          Патот е тежок секаде и секогаш. На некој начин кај мене секогаш патоказот е кон потешкиот пат, но кога човек ќе се измачи тогаш резултатот е посладок и секако, секогаш, што и да се случи остануваш стабилен и цврсто чекориш на земја.

·          Што е она што за вас значи енергија, што е она што ви дава сила да полетате кон нови успеси?
-          Тоа е моето семејство пред сè, моите родители и мојот брат, а секако и публиката. Едноставно живеам за нив и тие ми ја даваат позитивната енергија која е клучот за сите мои успеси.

·         Секој умее да греши, но како вие успевате да ги покриете и поправите вашите грешки?
-          Апсолутно секој умее да греши, па така и јас. Јас кога ќе згрешам знам да се извинам и да не ја повторувам грешката. Човек треба да научи да го изговори зборот „извини“ и никогаш да не ја повтори истата грешка, а секој се учи на своите грешки.

·         Како гледач/публика што повеќе сакате, театар, филм или ТВ емисии? Зошто?
-          Театар пред сè, бидејќи тоа е работа на момент.

·         Кога би ја имале сета моќ на светов на 15 минути, што е она што прво би го сториле?
-          Не сум размислувал на тоа, а искрено и не би сакал да имам толку моќ. (ха-ха-ха)

·         Како сте се забавувале во тинејџерките години, а како се забавувате сега? J
-          Јас си имав поинаков начин на забава и како тинејџер, а и сега како повозрасен. Како тинејџер најголемата забава ми беше моето кученце со кое постојано си играв и секако друштвените игри со моите другари. А сега најголема забава ми е кога сум дома со моите блиски или пак кога ќе излезам во некој убав ресторан со личноста која ми го плени срцето.

·         Што моментално спремате со театарот „КРИК“ и на самостоен план?
-          Во изминатиов период се играше новогодишната претстава „Дедо Мраз и Пајчето Патко“ и многу убаво си поминуваме сите од нашиот театар, едноставно се забавуваме, дружиме и уживаме со децата... А што се однесува на самостоен план, сè уште е рано да кажувам бидејќи немам дефинирано каде, како, што ќе правам во 2012 година.

·         Опишете ги најкратко вашите главни соработници од театарот „КРИК“, Мирјана Ристова и Роберт Ристов.
-          Мими и Роберт покрај тоа што ми се одлични колеги со кои заедно функционираме како еден театарски атом на сцената, тие ми се преголеми пријатели, луѓе кои во сè се тука покрај мене, а и јас покрај нив. Тоа се луѓе на кои секогаш и во секое време можам да се потпрам за било што во животот и во работата.



Подготви: Елена Данова, LENA


Општинари 7 : 2 Професори



На 16-ти декември се одржа фудбалски натпревар во новоизградената спортска сала на СОУ „Св.Кирил и Методиј“. На овој натпревар учествуваа професорите од СОУ„Св.Кирил и Методиј“ - Неготино и претставници од општината на нашиот град.
Ова беше втор натпревар, т.н. реванш помеѓу овие два тима во кои општинарите победија со резултат 7:2. 
На почетокот од натпреварот професорите се покажаа во вистинско светло како и во првиот натпревар и веднаш ставија две топки во противничкиот гол, но... По некоја лоша карма овој број остана непроменет сè до крајот на натпреварот, додека општинарите безмилосно го полнеа голот на професорите со топки (вкупно 7) сè до крајот на натпреваротт. 
Се обидовме да го снимаме натпреварот, и да ви презентираме клучните моменти на вас драги гледачи. Но, од непознати причини, од страна на одредени професори ни беше забрането тоа да го сториме.

Coin des Interviews






                Nous, les journalistes de TNT, qui étudient à la classe bilingue au lycée « Saint Cyrille  et Méthode » de Negotino, avons décidé de faire une interview avec notre lectrice. Anaïs Mouret était vraiment gentille de trouver le temps libre pour répondre à nos questions. Elle est française et elle vient de Montpellier.
Elle est la fleur la plus souriante dans notre jardin de jeunes fleurs. Anaïs est sympa. Elle restera en Macédoine jusqu’au 29 juin, la fin de l’année scolaire, puis elle doit finir ses études. Elle a envie d’aller dans d’autres pays et quand elle finira ses études elle veut faire des voyages du monde entier pour rencontrer des étudiants, pour leur enseigner le français et pour découvrir d’autres régions.



Elle trouve le rythme de la Macédoine moins plus stressant que celui de la France. Elle nous a dit que les gens en France sont plus égoïstes que ceux de la Macédoine. Anaïs faisait a déclaré que nous étions plus accueillants, gentils et serviables que les Français.                                                                                                                         
Elle travaille aux deux villes, Negotino et Bitola. Quand on a lui demandé de ces deux villes quelle est plus belle, Negotino ou Bitola, elle nous a immédiatement répondu que toutes les deux sont si belles et que chacune d’elles a des inconvénients et des avantages, mais elle n’a pas précisé.
La plus drôle chose c’était sa remarque que les Macédoniens ne dansent pas. Quand elle va à la discothèque les gens restent plutôt « immobiles ». Les Français bougent plus que nous quand ils sont à la discothèque. En France les jeunes peuvent aller chez dans l’appartement d’un ami et passer une bonne soirée, mais en Macédoine ils s’amusent simplement ensortant dans les discothèques.
Maintenant on sait que nous, on a plus de jours fériés qu’en France,  mais en France il existe plus de périodes  de vacances que chez nous.









                                                                                                   Fait par : IlijaNikolov et AnetaTrajkova 

Bienvenus au coin français







Nous sommes très contents de vous présenter le nouvel article accordé à tous qui veulent savoir un peu plus sur cette langue, culture et sur la manière française de vivre. Si vous souhaitez d’apprendre le français, vous êtes à l’endroit exact.
Vous y verrez des reportages sur la France, des poésies, des films français, de la musique, de petits conseils pour vous aider à apprendre le français, autrement dit tout ce que vous voulez.
Ça a été créé par des élèves de la classe bilingue au lycée « Saint Cyrille et Méthode » de Negotino, à l’aide de leurs professeurs, pour les élevés des classes bilingues et pour les fans du français et de la culture française aussi.
On veut vous remercier de nous suivre et on espère que vous continuerez de nous suivre et que vous le trouverez, ce petit coin français, très intéressant, éducatif et utile pour élargir vos  connaissances sur la France.






L’Equipe du coin français



Уметничка изложба – „вевчански видувања“






На ден 25.11.2011 во просториите на Арт Галеријата во Неготино се одржа изложба од Меѓународната ликовна колонија насловена како “Вевчански видувања”. Изложбата беше отворена од страна на Ефтим Клетников, а беа изложени дела на повеќе уметници.
 Изложбата остави позитивен впечаток кај присутните. Тие имаа можност да ги разгледат сликите и да дознаат нешто повеќе за нивната содржина. На крај беа почестени со пијалок.



                                             
                       

                                                                    
                                                                                                           
                                                                                                                     Елеонора Андова

Младите со љубов за лицата со посебни потреби







Група млади неготинчани волонтерски им помагаат на лицата со ментален хендикеп во дневниот центар „ПОРАКА – НЕГОТИНО“. Во изминатиов период тие веќе помогнаа да се организираат неколку настани на кои настапуваа лица со посебни потреби, а во екот на предновогодишната еуфорија тие и самите се активираа и успејаа да организираат предновогодишна забава за корисниците на дневниот центар „ПОРАКА – НЕГОТИНО“ на која како изненадување пристигна и Дедо Мраз од далечната Лапонија да им ги подели подароците кои волонтерите ги направија преку нивната акција на собирање доброволен прилог. Дијана Митревска, Симона Ташева, Македонка Смилкова, и Елена Данова, ученички во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино и Ивона Атанасова, ученичка во ОУ „Гоце Делчев“ 




- Неготино во изминативе два – три месеци интензивно помагаа за секојдневниот развој на овие луѓе. Тие се обидуваат да дадат силна порака дека сите сме исти на овој свет, дека не треба да создаваме бариери, бидејќи такво нешто и не постои. Еве неколку фотографии од организираните приредби, забави, како и од перформансот изведен во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино по повод 3-ти Декември, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП.




Младите волонтери јавно повикуваат на тоа секоја единка да го пронајде човекот во себе и да придонесе со барем еден гест на добрина за свет во кој ќе завладее хармонијата, љубовта, меѓусебното разбирање, сочувствувањето, искреноста и топлата љубов. Тие и понатаму продолжуваат со оваа активност затоа што, како што велат тие, тоа им носи изобилство на среќа, задоволство и позитивна енергија.
                                     
Подолу можете да погледнете и еден мини албум со фотографии од нивните едукативни и креативни меѓусебни дружења...





                                   
                                                                                                                                          
Подготви: Елена Данова, LENA