Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино е невладина организација
која постои од 2005год. Формирана е од страна на Симон Андов, млад креативен
човек, кој учествувајќи во ЦКА-ПХВ проект, добил идеа да формира клуб во кој
младите ќе прават многу вакви проекти. Својата идеа ја споделил со пријателите,
па заедно решиле да го направат тој голем чекор. Со текот на времето бројот на
членовите во овој клуб се зголемувал и денес брои околу 70 активни волонтери. Работи
во склоп на ООЦК Неготино. Целта на оваа организација е да им помага на луѓето
кои имаат потреба од тоа. Преку дружба и забава младите им помагаат на многу
сиромашни, болни, гладни лица...
Како работи Клуб на Млади Црвен Крст
- Неготино?
Преку своите идеи за подобар свет волотерите во овој клуб ги
шират принципите на Црвениот Крст. Нивните активности се засновани на
интересите и потребите на сите млади луѓе и луѓето кои сакаат посреќно и
поздраво општество.Креативноста, ентузијазамот, позитивната енергија и
меѓусебното почитување на секој од волонтерите овозможуваат нивната работа да
оди многу добро. Преку многуте акции и проекти се собираат парични средства кои
секојпат имаат различна
-забавата под наслов ,,Хуман потег за помош"-
намена. Се собираат пари за лица кои имаат потреба од
операција, лица кои имаат потреба од покрив над главата и сл. И не се секогаш
во прашање само парите. Многу често, волонтерите со својата позитивна енергија
носат насмевка на нечие лице подарувајќи му топла прегратка. Се прават многу
акции за одбележување на многу важни датуми и празници како што се: 8-ми март
денот на жената, велигден, неделата за грижа на стари лица, неделата за борба
против сидата, денот на гладот, неделата на младите и многу други. Многу често
се посетуваат старите лица со цел да им се покаже дека тие не се заборавени од
младите. Исто така се организираат и многу дружења со лицата со посебни
потреби. Се прават презентации за дрогата, трговијата со луѓе, сидата и многу
други актуели теми. Секоја акција со себе носи и многу дилеми и проблеми, но
волонтерите работејќи во тимови го надминуваат сето тоа, за на крајот да ја
надополнат долгата низа од успешни акции.
Што значи да
бидеш волонтер во Клуб на Млади Црвен Крст - Неготино?
Да волонтираш во Црвен крст значи ефикасно да го трошиш
своето слободно време, истакнувајќи ја својата хуманист. Да учествуваш во акции од кои придобивките се
големи. Добиваш и ти, но и околината. За секоја акција се прават по неколку тимови
кои работат на својата задача, како на пример наоѓање на простор за некоја
забава, барање помош од институциите, планирање на целата акција и сл. Во тие
тимови секој од волонтерите може да се запознае со лица со кои претходно немал
никаков контакт, а сега работи заедно со нив. Кругот на пријатели се зголемува,
исто како и знаењата од различни сфери.
-волонтерите
со свој штанд излегоа и на неготинскиот панаѓур, продавајќи облека која беше
донација од Германија-
Во секоја од акциите волонтерот може да сретне работи за кои
претходно нема слушнато. Така, на еден многу забавен начин учи нешта кои еден
ден многу ќе му бидат потребни. Секој од волонтерите може да биде координатор
на некоја акција, ако смета дека тоа може да го заврши најдобро што може. Да
бидеш волонтер, значи, да бидеш одговорен и креативен млад човек кој е
инспириран од слободната волја да помогне некому.
Секоја добро завршена акција,
носи насмевки во овој клуб, како и насмевки на лицата кои ја добиле помошта.
Како награда за успешните акции, младите си организираат забави и дружења во
нивното заедничко катче -Клуб на Млади
Црвен Крст - Неготино. За време на летниот период се одржуваат семинари на кои
волонтерите ги збогатуваат своите знаења за работата на Црвен Крст, како и
многу актуелни теми. Да волонтираш во овој клуб, значи, да имаш желба да им го
подобриш животот на многу лица. Секој волонтер доаѓа во овој клуб со цел да
донесе насмевка на нечие лице и топлина во студеното детско срце, а притоа не
барајќи ништо за возврат .
-одбележување на Велигден-
Што е тоа ЦКА-ПХВ проект?
Црвен Крст во Акција-Промоција на хуманите вредности е
проект кој се изработува од страна на волонтерите веќе неколку години наназад.
Проектот се состои од: обука од страната на дисеминаторите на која младите
преку разни вежби и задачи учат да ги препознаат потрбите на заедницата и како
да се подготви, имплементира и документира ЦКА-ПХВ проект.
По оваа обука започнува реализацијата за проектот. Во група
од неколку волонтери се избира целна група, односно лице за кое ќе биде наменет
проктот. Со својата креативност, младите наоѓаат начини преку кои ќе го
реализираат својот проект, со помош од дисеминаторите.
Откако проектот е
готов, тој се оценува. Според оценките, претставници од најдобрите проекти
земаат учество во финалната ЦКА-ПХВ работилница. Таму, ги продлабочуваат своите
знаења од областа на културата и комунирацијата, а најдобрите учесници на оваа
работилница потоа имаат можност да бидат дел од Националното друштво на
различни меѓународни настани.
Преку ваквите проекти младите се здобиваат со знаења и
познанства кои ќе им отворат широки врати во иднина. Добиваат можности да
научат многу нови нешта, притоа помагајќи некому.
Билјана Толкова
No comments:
Post a Comment