Search

Sunday, February 26, 2012

Младите со љубов за лицата со посебни потреби







Група млади неготинчани волонтерски им помагаат на лицата со ментален хендикеп во дневниот центар „ПОРАКА – НЕГОТИНО“. Во изминатиов период тие веќе помогнаа да се организираат неколку настани на кои настапуваа лица со посебни потреби, а во екот на предновогодишната еуфорија тие и самите се активираа и успејаа да организираат предновогодишна забава за корисниците на дневниот центар „ПОРАКА – НЕГОТИНО“ на која како изненадување пристигна и Дедо Мраз од далечната Лапонија да им ги подели подароците кои волонтерите ги направија преку нивната акција на собирање доброволен прилог. Дијана Митревска, Симона Ташева, Македонка Смилкова, и Елена Данова, ученички во СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино и Ивона Атанасова, ученичка во ОУ „Гоце Делчев“ 




- Неготино во изминативе два – три месеци интензивно помагаа за секојдневниот развој на овие луѓе. Тие се обидуваат да дадат силна порака дека сите сме исти на овој свет, дека не треба да создаваме бариери, бидејќи такво нешто и не постои. Еве неколку фотографии од организираните приредби, забави, како и од перформансот изведен во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино по повод 3-ти Декември, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП.




Младите волонтери јавно повикуваат на тоа секоја единка да го пронајде човекот во себе и да придонесе со барем еден гест на добрина за свет во кој ќе завладее хармонијата, љубовта, меѓусебното разбирање, сочувствувањето, искреноста и топлата љубов. Тие и понатаму продолжуваат со оваа активност затоа што, како што велат тие, тоа им носи изобилство на среќа, задоволство и позитивна енергија.
                                     
Подолу можете да погледнете и еден мини албум со фотографии од нивните едукативни и креативни меѓусебни дружења...





                                   
                                                                                                                                          
Подготви: Елена Данова, LENA

No comments:

Post a Comment