Во овој број на нашето списание ( одсега па натаму и на нашиот блог), ќе се
запознаеме со една организација што меѓу младите низ Македонија е позната како YES
Alumni. Оваа организација им нуди на сите заинтересирани многу шанси за успех и полно интерактивно
време. За тоа што сè е
потребно за да се биде дел од организацијата и кои можности ни ги дава ќе Ви
откриеме во интервјуто со Христина Трифуновска, алумни координатор, која
безусловно ни одговори на прашањата.
1. Најпрво, можете ли да ни кажете нешто за
историјатот на оваа организација? Кој е главниот “виновник” за постоењето на
организацијата и како таа се развила во Македонија?
-
“Алумните се всушност членови на т.н. YES
Алумни асоцијација односно учениците кои
успешно ја завршиле YES (Youth exchange and study) програмата, под
покровителство на невладината организација Американски совети за меѓународно
образование а финансирана од Стејт Дипартмент на УСА. Веќе има две генерации
што успешно ја завршиле oваа програма, и група ученици кои моментално се дел од
неа, односно поминуваат една година во САД.”
2. Какви сè проекти
се реализираат овде? Има ли некое ограничување во возраста за оние кои сакаат
да бидат дел од организацијата?
-
“Алумните организираат најразлични
хуманитарни настани, проекти кои ја подобруваат заедницата во која што живееме.
Како примери би ги издвоила:
·
"Giving
to Our Seniors - Winter Lottery”- каде што група алумни го посетија домот за
стари лица ``Мајка Тереза``, каде што поминаа неколку часа имајќи и лотарија.
·
``The kids are
our future``-дониравме опрема во градинката во Ресен.
·
``Тhanksgiving``-
настан каде соработувавме со Американските катчиња од Битола и Скопје.
·
``Handmade
happiness``- дониравме средства во здружението ``Дајте ми крилја`` преку
продажба на рачно изработен накит.
·
``Насмевки под
маски``- помогнавме во лекувањето на лице кое страда од аутизам преку
организирање на хуманитарна забава.
-
Во поглед на возраста, за да станеш дел
од YES програмата мора успешно да ја завршиш програмата (1 година во САД), да
бидеш на возраст од 15-17год, па според тоа како што кажавме и претходно,
стануваш и дел од алумни асоцијацијата. Меѓутоа, доколку некој кој не е алумна
a сака да учествува во активности на алумните е повеќе од добредојден и нема
никакви ограничувања.”
3. Каде можат заинтересираните да аплицираат
за програмата? Какви сè услови
треба тие да исполнуваат?
-“Потребните
кфалификации за YES програмата се:
·
Да бидат запишани во прва или втора
година средно училиште;
·
Да ги исполнуваат условите за Ј-1 виза/
SEVIS услови за години на учениците од средно образование;
·
родени помеѓу 1 јануари 1995 и 15 јули
1997 (ова се менува секоја година)
·
Ученици со инвалидитет родени меѓу 15
март 1994 и 15 јули 1997 и кои сеуште не матурирале во средно училиште, се во
можност да аплицираат за YES програмата
·
Да бидат многу доби или одлични ученици;
·
Да имале претходно часови по англиски
јазик (кандидатите мораат да го покажат своето познавање на англиски јазик за
време на регистрацијата);
·
Да ги исполнуваат условите за виза;
·
Да бидат државјани на YES земјата од која
што аплицираат (Р. Македонија).”
4. Што им советувате на младите во случај
да сакаат да бидат дел од програмата? На што сè треба
да внимаваат?
-“Да бидат
упорни, истрајни, да имаат голема желба да учат една година во САД, да ја
запознаат Американската култура и споделат својата.”
5. Можете
ли да ни кажете нешто повеќе за искуството со кое се стекнуваат младите при
размената? Со какво знаење тие се збогатуваат?
-
“Учесниците се запознаваат со културата
на Америка истовремено споделувајќи ја својата, стануваат независни личности
спремни да се соочат со секакви предизвици во животот, подобро ги разбираат
потребите на опшеството и се подготвени да помагаат, волонтираат во
разрешувањето на проблемите во нивните заедници.”
6. Со кои сè други
организации е во заедништво Alumni организацијата? Дали таа може да помогне во
случај на некој талентиран студент? Колкава поддршка дава Alumni?
-
“Алумни асоцијацијата соработува
најмногу со Американските катчиња низ земјава но исто така била инволвирана и
со здружението ``Дајте ми крилја``, со ``Македонски зори`` и сл.
-
Алумни асоцијацијата би им помогнала на
сите па и на посебно талентираните студенти со тоа што им дава можност да
учествуваат во сите нивни активности, а исто така, преку YES програмата им дава
можност да поминат незаборавна година бесплатно во САД.”
7. И за крај, кое е мотото на оваа
организација?
Волонтеризам и
успех!
Ако сакате да знаете повеќе...
Сите
заинтересирани за оваа програма можат да се обратат во канцеларијата на
Американски Совети за Меѓународно Образование, во Скопје, ул. Карпош 2 бб или
на телефоните 02 30 99 474 или 02/ 30 76 522 и 070/755 083, исто така и по
е-маил skopje@americancouncilssee.org. Контакт лице Велика Ангелкова- Директор
на канцеларијата, Весна Маркоска –Асистент и Христина Трифуновска – Алумни
Координатор.
Емилија Петреска
No comments:
Post a Comment