14- Февруари е
ден кога сите празнуваат. Оние поромантичните го слават Св.Валентин (но и тие
не оставаат да не се префлат на другото славење), а оние пак другите што по ‘’малку’’
потпивнуваат Св. Трифун.
Сигурно веќе знаете
за историјатот на овие два празници па нема многу дабидам досаден околу тоа.
Свети Трифун е
праник кој што тој ден се празнува по јулијанскиот календар
односно во
православието,додека пак Свети Валентин го празнуваат католиците по
грегоријанскиот календар,но овој ден
веќе се смета за меѓународен ден за сите
вљубени во светот и популарно се нарекува Денот на Вљубените.
Свети Трифун
роден во селото Кампсада во Фригија од
сиромашни родители се смета за заштитник на лозарите и винарите.Тој умрел во 250г.кога
е осуден на смрт со меч.На денот кога се слави овој празниик традицијата вели
дека за првпат на овој ден се закројуваат лозјата.Бидејќи лозарството во нашата
земја е најразвиено во Тиквешијата токму тука најмногу се слави овој празник со
вино и греана ракија после закројувањата на лозјата што се прават за да биде
бериќетна Новата Година.
неговото
преселување во Вечноста.
Денот на вљубените е пагански празник што
според некои овој празник нема врска со Свети Валентајн и тоа е понижување и
правење на пародија од неговото заминување во вечноста наречено Ден на
Вљубените.Исто так Свети Валентајн се смета и за заштитник на морепловците.
Свети Валентин или Свети Трифун-тоа е дилема која што не треба да ве мачи.
Едноставно на тој ден е дозволено и малку повеќе да се напиете затоа
напиете се и изгушкајте се со вашите најмили.А ако немате каде да одите за
Свети Трифун тогаш дојдете во Тиквешијата затоа што на тој ден таму е
централната прослава за овој празник.Само еден совет: немојте многу да се
опиете за да не предизвикате можни кавги и недоразбирања затоа што во виното е
вистината,а секако и ако премногу се напиете ќе ви биде криво затоа што тој ден
ќе го преспиете.
А патем еве и
една моја творба напишана
токму за Свети Трифун:
Тапаните пиштат,
оро големо се вие
и рујно вино
везден се пие.
И стари и млади,
на оро фатени
со чашата во рака
земјата да биде плодна
и годината да е родна.
наутро на лозје,
а на пладне на славје.
Во тиквешко поле
сите се само веселат
Св.Трифун го слават.
Мите Јаначков
No comments:
Post a Comment