Во интервјуто кое ќе го проследите ја имавме можноста да позборуваме со
американскиот волонтер Остин Фаст. Доаѓајќи дури од Хевиленд, Охајо, за да им
помогне на младите во нивното образование од областа на англискиот јазик и
пишувањето, ќе ни раскаже за тоа како се здобил со идејата да биде волонтер, со
кои сè активности им помага на младите и два- три збора за Мировниот Корпус во
нашата држава. Но, исто така ќе ни каже нешто повеќе за проектот кој според
него успешно го реализира со учениците од средното општинско училиште “Св.
Кирил и Методиј” од Неготино.
- На почетокот, што очекувавте од Македонија како
држава? Како ја замислувавте нашата држава и луѓето во неа? Дали веќе знаевте некои работи за Македонија?
-
Бидејќи
имав доаѓано во Македонија пред да дојдам со Мировниот Корпус, знаев малку за
земјава. Знаев дека народот е многу топол и пријатен, и дека земјава е
прекрасна – полна со убави погледи. Малку бев поспремен од другите волонтери
бидејќи многу од нив воопшто не знаеја за Македонија и не знаеја што нè
очекуваше.
- Како започна целата оваа приказна со волонтерството?
Размислувавте долго или пак беше одлука донесена во еден момент? Како
реагираа луѓето околу вас( вашите родители, пријатели..) во врска со вашата
одлука? Што помисливте најпрво кога го видовте вашето име како дел од
листата на волонтери?
-
“Во
Америка, волонтерството е важна вредност што ja учиме како млади. Кога бев
ученик во средно училиште моите другари и јас одевме во домови за стари лица за
да бидеме волонтери и да донесеме некоја радост во животите на старите од домот.
Пред да дојдам во Македонија со Мировниот Корпус, бев на пракса во Приштина
како новинар во Косово Лајв. Кога бев во Косово, гледав многу сиромаштија и
тажни работи и сакав да направам сé што можам за да му помогнам на Балканскиот
регион. Тогаш патував до Охрид и многу ми се допаѓа овој регион од Балканот.
После враќањето од Косово, кога бев апсолвент, апликацирав во Мировниот Корпус.
Тоа беше долг процес со пишување на есеи и интервјуа. Не знаев дека ќе дојдам
во Македонија, но им кажав дека сакав да дојдам во источна Европа. Кога стигна
писмото од Мировниот Корпус што ми кажа дека ќе дојдам во Македонија бев многу
среќен, бидејќи сакав да правам нешто различно со мојот живот. Многу луѓе во
Америка одат на факултет, завшуваат, а после работат 35 години и одат во
пензија. Сакав да правам нешто поинакво – и да добијам спомени што ќе можам да
ги носам со мене целиот живот. Моите родители и родини ми даваат поддршка, ама
секако мене ми недостигаат, а и јас им недостигам на ним. Важно е дека сум
многу среќен што дојдов и ние се снаоѓаме со оддалеченоста.”
- Можете ли да ги споделите со нас главните цели на секој волонтер? Кои се неговите задачи по пристигањето овде?Кон каков резултат се стреми секој волонтер? Има ли разлики во активностите или пак секој волонтер е обучен да ги прави истите активности?
- Мировниот Корпус како организација има три главни цели:
- Да се oбезбедат
вoлонтери
штo ќе
дадат свoј придoнес вo развojoт на
заинтересираните земји преку размена на инфoрмации и
искуства.
- Да пoмoгне луѓето од
овие земји да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
- Да пoмoгне луѓето од
Америка да стекнат подобро разбирање за нарoдите
ширум светoт.

Ние волонтерите може да работиме со тоа што најмногу нè интересира. На
пример, јас сум новинар. Колегите ми кажаа дека има голем интерес кај нашите
ученици за додатни активности и тоа е затоа што сакавме да започнеме клуб за
млади новинари во Неготино, за да им дадеме некоја нова можност да научат нешто
убаво и да добијат нови вештини.
- Вие ли бевте оној кој го создаде списанието TNT или подобро кажано Teen News Thunder со помош на професорот Тодор Пашлаков? Како е да се биде на чело на ваков проект бидејќи во една прилика веќе кажавте дека сте новинар?Кои активности им помогнаа на младите да се инфомираат подобро и да ги зголемат нивните идеи?
-
Ниту
јас, ниту Професор Тодор Пашлаков го имаме создадено клубот “ТНТ Тин Њус Тандер”.
Тој е сосем создаден од ученици што доаѓаат на секоја средба
носејќи ги нивните позитивни ставови и желба да се обидат
и научат нови работи. Тодор и јас само сакавме да им ја дадеме
можноста за да пробат нешто ново, да ги вежбаат своите вештини на пишување и
англиски јазик. Сосем сум задоволен со нашите млади новинари и многу ме
восхитуваат нивните посветеност и енергија за овој проект. Нашите ученици ги
надминаa моите очекувања со првиот
број во декември и јас сум возбуден да видам каде ќе
одат оттаму. На секоја средба, спремам некои активности и предавања за некој
дел од новинарството, без разлика дали станува збор за фотографија, пишување,
правење на интервју, работење со програмите за компјутерски дизајн, новинарска
етика, итн. Се трудам да наоѓам интересни активности така што учениците може да
уживат додека учат нешто ново. Tука сум само како
советник – сето тоа што го имаме направено е од самите ученици и нивната
иницијатива.
- Колку членови брои списанието? Сметате ли дека овој број ќе се зголеми со текот на времето и дали
младите го подобрија својот англиски после овие активности?
- Има околу 30 членови во нашиот клуб, со 13-15 најактивни што доаѓаат на
секој состанок. Не знам дали ќе доаѓаат поголем број на ученици во иднина, ама
многу би бил среќен ако клубот продолжи да расте и во следниве години.
Мислам дека ова е добра шанса за учениците да го вежбаат англискиот јазик
(и устен и писмен), ама за мене најважно е да научат нешто за новинарството и
да се дружат заедно. И во Македонија и во други земји, младите премногу само
седат на Фејсбук а не учествуваат во нешто креативно. Новинарството може да ги
научи младите на важни вештини за нивните животи:
на пример донесување на одлуки, тимска работа и комуникациски вештини. Поради
тоа, од почетокот Тодор и јас се трудиме да им ги објасниме принципите на
новинарството и на македонски и на англиски за да ги вклучиме сите ученици што
сакаaт да учествуваат. Сега во тековниот број има и статија на францускит
јазик, а учениците може да се вклучат со статии на било кој јазик кој го
познаваат! Новинарството не зависи од тоа кој јазик се користи – зависи од
принципите на добрата форма и пишувањето - нешто што се обидуваме да ги научиме
нашите ученици. Јазикот не е важен, важно е создавањето на добри писатели.
- Можете ли накратко да ни го претставите списанието?Од кои рубрики е составено? За што
најмногу е заинтересирана младата популација да пишува? Има ли некоја посебна организација во нивната работа?
- Нашето списание има неколку рубрики и делови што беа разделени на три
одговорни уредници со главен уредник над нив за тековниот број. Тие три секции
се новости, уметност и култура, и живот и спорт.
Во овие секции влегуваат статии за мода, здравје, филмови, мистерии,
поезија, за сè што сакаат учениците да пишуваат. Тодор и јас не сакаме да ги
ограничиме младите новинари, а поради
тоа ние ги поттикнуваме да го следат она што најмногу ги интересира.
За првиот број немаше таква организација и мислам дека членовите на клубот
разбраа дека мора да има за да бидеме поефикасни. Овие проблеми на кои наидоа
се проблеми со кои се среќаваат профеционални новинари во целиот свет, и мило
ми е што учениците сами ги најдоа проблемите и пробаа да ги решат.
- Како дојдовте до идејата за името, што морам да напоменам дека е многу уникатно и нè потсетува на
познатите AC/CD? Имаше ли некои реакции за името, бидејќи кога
го кажуваме со кратенка ни доаѓа TNT, што прво асоцира на динамит? J
- Името навистина ми е интересно. На првиот состанок учениците дадоа
неколку опции. Мислам дека имаше околу 6 различни имиња. Учениците дебатираа
околу истите, а потоа тие изгласаа. Ми се чини дека најмногу им се свиѓаше ТНТ.
Кога ја слушаме таа кратенка, веднаш мисламе на динамит. Мислам дека токму поради
тоа, учениците најмногу го сакаа тоа име. Тие сакаа нешто незаборавно, бидејќи сакаат да прават динамично списание што ќе ги интересира
сите млади во Неготино и во Македонија.
- Имате ли некои посебни моменти поминати со вашиот тим, со вашите волонтери, бидејќи колку што знам вие спомнавте дека секоја работа е извршена од нив самите, од пишување на статии па сè до дизајн, како вистински волонтери,зар не?
-
Пред
да си одам за Америка во декември на Божиќ, си поминавме една убава вечер кај
радио-станицата во Неготино каде работат и неколку членови на нашиот клуб. Таа
вечер исто така го завршија првиот број и беше спремен за објавување. Учениците
имаа победоносно расположение и јас бев (и сеуште сум) многу горд на нив и сето тоа што тие го постигнаа сами.
- Во текот на разговорот, спомнавте дека има некоја
нова рубрика. Па, кажете ни нешто повеќе за тоа? Која е целта на новата рубрика именувана како “ Дописник”?
-
“Дописник” е нова рубрика каде секој средношколец во Македонија
може да пишува за она што го интересира. Со тоа што ќе прати негова колумна на
одредена тема или пак некој есеј, расказ за некоја интересна случка поврзана со
младите. Заинтересираните за ова може да ни пишуваат на нашиот фејсбук профил и
да очекуваат нивното дело да биде објавено.
- Каде можеме да го пронајдеме списанието ако некој е
заинтересиран за да го прочита.Можете ли да ни кажете некои информации во
врска со тоа?
-
Имаме профил на Фејсбук и може да се најде првиот број на:
http://www.joomag.com/en/magInfo/0032139001323531203
Изработка:
Емилија Петреска
No comments:
Post a Comment