А што беше
тоа култура?
Се сложувам дека мора да постои граница во ,,фурањето на
нашиот стил,, но, не кога на некој ќе му засмета туку кога со нашиот стил
загрозуваме некого и ги нарушуваме правилните вредности.
А што беше тоа култура?
Не знае никој. Оние што биле воспитувани да бидат културни, заборавиле, а нас
младите никој воопшто и не почна да не учи, за културата, за почитта,
толеранцијата ценењето на туѓиот став исто колку и на својот... И дури кога не
би биле поделени, по религиозна, етничка, национална, јазична
образовна...припадност, дури и кога не би постоеле богати и сиромашни сепак
сите ние сме различни еден од друг. Се разликуваме по нашите мислења, ставови,
сфаќања, начини на однесување, вкус... Иако како што реков, никој не, не
воспитува на почит кон различностите ( зашто домашните немаат време, а воспитен
елемент во образованието, одамна не постои) сепак иако ретко го почитуваме
знаеме оти секој има свој став, кој е вреден и достоен за почит. На некој начин
живееме во слободно општество, каде до некаде имаме право да ги негуваме нашите
погледи, размисли и начинот на живеење. А кога ,,големите,, ќе проценат дека
сме претерале, односно имаме став што нив не им се допаѓа, тогаш тоа им пречи и
интервенираат.Се сложувам дека мора да постои граница во ,,фурањето на нашиот
стил,, но, не кога на некој ќе му засмета туку кога со нашиот стил загрозуваме
некого и ги нарушуваме правилните вредности. А кои се тие правилни човечки
вредности? Токму тоа, да се почитува и да се цени различноста и туѓиот став. Има
рокери, рапери, панкери, металци и многу други разни категории каде сите имаат
свој начин на изведување на музиката, им се допаѓаат различни пеачи, различно
се облекуваат, користат различни изрази во комуникацијата и т.н. Меѓутоа од
овие што ги набројав и многу други сакаат своето да го наметнат иако
наметнувајќи го своето ги искривуваат правилните вредности. Така, само со почит
може да се опстои во општество каде што има различни луѓе со различни погледи,
а не постојат двајца луѓе на земјава со исти карактери. Чинам мојов став е
јасен: ,,Биди свој но, не наметнувај го своето со сила,, но пак не ми е јасно,
Што беше тоа култура?
No comments:
Post a Comment