Мерилин Монро, родена како
Норма Џин Мортенсон на 1 јуни 1926,
но крстена и одрасната како
Норма Џин Бејкер е американска актерка,
пејачка и модел.
Откако минува голем дел од своето детство во
згрижувачки семејства, Монро ја започнува својата кариера како модел, по што,
во 1946 година, го склучува својот прв филмски договор. Со Златен глобус, Монро
се закитува за својата изведба во Некои го сакаат тоа жешко (1959).

Животот, кариерата и сѐ
околу Монро е драматично, контраверзно, но провокативно за целата јавност. Како
животот, така и нејзината смрт пред 50тина години предизвикала огромни
контраверзии и кренала висока прашина. Дали се работи за самоубиство или
убиство... Заклучено е дека е самоубиство, но како што оди времето, така сѐ
повеќе се докажува тоа дека нејзината смрт е добро прикриено убиство.
Биографите пишуваат дека Мерилин Монро имала секс
не само со Џон, туку и со неговиот брат Роберт Кенеди, како и зетот Питер
Лофорд. Година дена пред атентатот на претседателот Џон Кенеди, во периодот
помеѓу 27 и 29 јули 1962 година, Мерилин за последен пат оди во вилата на
езерото Тахо. Таму има мистериозна средба со Питер Лофорд, зетот на Кенеди.
Лофорд, притоа, ја убедува дека веднаш треба да ги прекине сите контакти и
врски со Џон Кенеди, како и со неговиот брат. Според биографите, Мерилин Монро
на таа средба била дрогирана.Мерилин Монро не криела дека има врска со Џон
Кенеди, кој бил во тоа време претседател на САД. Била ѕвезда во Холивуд, и
миленик на џет сетот во тоа време.
Последната година пред смртта Мерилин Монро имала
врска и со Френк Синатра. Преку Питер Лофорд и неговата сопруга Пет Кенеди,
воспоставила врски и била гостин на забавите на Кенедиеви. И податоците на ФБИ
покажуваат дека таа имала мошне блиски односи во тој период со
браќата Џон и Роберт Кенеди.

Крајот на Мерилин Монро,
љубовница на американскиот претседател Кенеди, се случувал во времето кога
опозицијата и дел од медиумите, веќе започнале кампања за дискредитација на
претседателот Кенеди и неговата врска со Мерилин Монро.
Нејзината смрт е мистерија за чие покривање на
податоците работеле и ФБИ и ЦИА во тоа време, според биографите се случувал
според следните податоци:
- Ли Стразберг, нешто по
22 часот, на 4 август 1962 година пристигнал во Брентвид, во куќата на Мерилин
Монро. Таа била под силна доза на пилули за спиење, и не била во можност да
разговара. Наводно, заради тоа, била пренесена со амбулантна кола во блиската
болница. Но, додека била отсутна, според очевидците и соседите, во нејзината
куќа влегле лица од обезбедувањето на претседателот Кенеди, и според
подоцнежната истрага, по нивната посета исчезнале дневникот на Мерилин Монро,
како и многу фотографии и прибелешки кои таа ги имала во куќата.

По болничкиот третман Мерилин Монро е вратена дома. Умира токму таа ноќ, на
5 август. Нејзината домашна помошничка Јунис Муреј ја алармирала полицијата
ноќта околу 3 часот и триесет минути дека нешто лошо се случува со Мерилин
Монро. Психијатарот на Мерилин Монро дошол рано наутро кај неа, ја обил вратата
и ја нашол Мерилин Монро како лежи на својата постела, гола со лицето кон
постелата. Смртта е констатирана во четири часот и 30 минути, ноќта на 5
август.
Полициската белешка вели дека е најдена како лежи со лицето кон постелата, а
во раката држи телефон. До неа имало кутија со апчиња за спиење кои, наводно,
се причина за смртта квалификувана како самоубиство. Но, лекарите напишале дека
самоубиството со барбитурати не завршува така, дека телото завршува со грч и не
е можно да настапи смрт во таа положба. Сметале дека треба да се испита
сомневањето дека некој друг ја поставил во таа положба. Сомневањето не е
испитано.
Смртта на иконата на филмскиот, но и на
останатиот свет, Мерилин Монро, била добродојдена за многумина. Стасала како
порачана.
Дали смртта на Мерилин Монро и навистина била порачана од некого? Одговорот не
е стасан до ден-денес.
Еве како
Мерлин Монро му го честита роденденот на тогашниот претседател Кенеди
Подолу погледнете повеќе фотографии од Мерлин Монро... :)
Подготви: Елена Данова, LENA