Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.
Во Македонија овој празник се празнува различно. На пример во гостиварско Зубовце,
на овој ден младите невести, девојките и девојчињата со кошници во
рацете, одат на прошетка во селските ливади. Берат цвеќиња. Прават толку
цветни кивчиња колку што има членови во нивната фамилија. Прават и една
поголема китка за куќата која, по враќањето дома, ја оставаат пред
домашната икона.
По берењето на цвеќињата и при правањето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:
- Ајде Цвето на цвеќе, Лазаре
- Цвеќе да си береме, Лазаре,
- Китки да си китиме, Лазаре,
- Кому китка по китка, Лазаре,
- На Лазара пет китки, Лазаре.
Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат.
Подготви: Елена Данова, LENA
No comments:
Post a Comment