По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино на ден 7.08.2012 год. сo почеток од 18 часот се одржа изложба на уметнички дела од срма на Наташа Бошковска од Кавадарци.
Покрај изложбата на уметничките и беспрекорни дела настапија и млади надежни поети од Неготино со лични поетски и куси прозни творби посветени на суштината на жената. Со свои творби индивидуално се претставија Софија Илиевска, Симона Ташева, Македонка Смилкова, Ѓорѓи Ташулов, Мите Јаначков и Елена Данова, а после изведбата добија позитивни критики од страна на присутните.
И овде секако вашата TNT екипа пристигна на вистинското место и направи фотогравии со цел да ви ја пренесе атмосферата на сите вам кои го пропуштивте ова случување! Погледнете на линкот подолу. :)
Погледнете фотографии, и слушнете изјави :)
Подготви: Елена Данова, Сања Станкова, Диме Данов
No comments:
Post a Comment