Search

Sunday, April 29, 2012

1 мај- Денот кога сите заслужуваме одмор


Први Мај кај нас па и низ светот, е познат по тоа што е ден кога секој еден може конечно да "живне" од работата и едноставно да им се препушти на своите задоволства. Не постои човек кој не би сакал барем еден ден да ги запостави своите должности и да ескивира. Епа, ова е тој ден.

Овој ден има свој почетокот назад во 1886-та година, кога стотина илјади работници од Чикаго излегле на улица за да протестираат. Тие сакале да им се прифати 8 часовно работно време, што во тој период било невозможно. На 1 и 2 мај, немало никакви физички пресметки, но тоа било т.н. затишје пред бура, бидејќи веќе на 3 мај настанале физички пресметки помеѓу оние кои биле членови на синдикатот и оние кои не биле. По некое време полицијата ги смирила работниците така што на крај биле убиени 4 членови на синдикатот, а многумина биле повредени. 

Изиритирани од сето ова, група на анархисти на чело со Август Спајс и Алберт Парсонс, решиле да организираат протест, но тој завршил лошо бидејќи пред крајот на самиот протест некоја личност(чиј идентитет не бил познат) фрлила бомба каде биле убиени 7 луѓе а ранети биле 67 полицајци. Тоа се случило точно на 4 мај. За овој настан, многумина сметаат дека бил наместен од некој полицаец за да би изгледало дека анархистите употребуваат насилство, но за вистинската причина, нема да зборуваме. 

По некое време, во 1889, на Првиот Интернационален конгрес, била донесена одлуката: " Први мај да биде заеднички празник на сите земји, со којшто се означувало единството на сите работнички класи насекаде во светот."

Па затоа во име на целиот наш тим им посакуваме среќен празник на сите работни класи низ светот. На оние кои успеале во добивањето на нивните права, но и на оние кои сѐ уште се обидуваат во тоа. 

Емилија Петреска

No comments:

Post a Comment