Драги читатели, доколку некој од вас умее добро да
пишува поезија или проза, а не се сомневаме дека има доста такви, еве еден
интересен меѓународен конкурс на кој би можеле да се пријавите.
Прв меѓународен фстивал на
поезија и кратки приказни „Раде Томиќ“.
Категории: основци-поезија, основци-кратки приказни, средношколци-поезија,
средношколци-кратки приказни, категорија до 30 години-поезија, категорија до 30
години-кратки приказни. А краен рок за пријавување е 10 Јуни 2012 година и тоа
на следнава електронска адреса: stojan.simic.krpica@gmail.com, а за оние кои можеби немаат или не
сакаат да користат e-mail
може да испраќаат и по обична пошта и тоа на следнава адреса:
- Прв и меѓународен фестивал на поезија и
кратки приказни „Раде Томиќ“
(за конкурс) Стојан Симиќ, Марка Милјанова 18/39 Нови Сад, Република Србија, односно:
(за конкурс) Стојан Симиќ, Марка Милјанова 18/39 Нови Сад, Република Србија, односно:
- Prvi
i međunarodni festival poezije i kratke price "Rade Tomic"
(za konkurs) Stojan Simic Krpica Marka Miljanova 18/39 Novi Sad Republika Srbija.
(za konkurs) Stojan Simic Krpica Marka Miljanova 18/39 Novi Sad Republika Srbija.
Право на учество имаат сите деца, средношколци, студенти и младинци до 30
години од земјите на поранешна Југославија и земјите од светот.

Сите учесници мораат да потенцираат во која од погоре наведените категории
конкурираат: ученици во основно
образование-поезија, ученици во основно образование-кратки приказни,
средношколци-поезија, средношколци-кратки приказни, студенти или младинци до 30
години-поезија, студенти или младинци до 30 години-кратки приказни.
Помисливте дека е тешко, па дури и невозможно да освоите било што на
меѓународен натпревар?! Воопшто не се оптеретувајте со такви мисли, а за
охрабрување ве информираме дека две учеснички од Неготино се здобија со второ
место во различни категории на претходните конкурси објавени од истово место.
Поточно Елена Данова се здоби со второ место во категоријата
средношколци-поезија на меѓународниот конкурс „Јоан Флора“, а Емилија Петреска
доби второ место во категоријата средношколци-кратки приказни на меѓународниот
конкурс „Михаел Бабинка“. Се надевам дека ве охрабривме да се пријавите и да
конкурирате, па којзне можеби вие сте квалитетот кој се бара! :)
LENA
No comments:
Post a Comment