По повод деновите на театарот, во центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев'' Неготино беа одиграни две театарски претстави.
27.03.2012 беше денот кога се одигра претставата ,,Не шетај гола''од страна на аматерскиот театар од Д.Капија. Оваа комедија беше во режија на Томе Атанасов, а улогите ги одиграа: Томе Атанасов, Анита Младеновиќ, Димче Бањански, Вида Трајкова, Петре Пашоев и Цанко Стефанов. Целосно предадени на сцената и публиката, актерите успеаја до солзи да ја насмеат неготинската публика која потоа со насмевка го коментираше овој настан.
Итервју од актерите и изјави од публиката
сцена од претставата 1
сцена од претставата 2
сцена од претставата 3

Два дена подоцна, на сцената се појавија и актерите од штипскиот професионален театар со претставата ,,Кара Дончо''. Милорад Анѓелов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Сања Арсовска и Марија Минчева со режија од Младен Крстевски, сите дипломирани актери, успеаја уште еднаш да ја насмејат многубројната публика. Директорот на овој професионален театар кажа дека нивна цел е да го вратат театарот во местата во кој веќе е подзаборавен, а тоа го прават со гостување во помалите места, одигрувајќи една од нивните комедии. ,,Кара Дончо'' -За секого и за никого, беше една поинаква театарска претстава, каква што одамна немаше видено неготинска публика, па токму затоа салата беше полна и до последнито место. Оние кои го сакаат и ценат театарот, по завршувањето на двете комедии во организација на општина Неготино, само додадоа дека се надеваат дека ваквите случувања ќе бидат се' почести во Неготино.
За жал се покажа дека требало да се постави некоја солидна цена на влезниците за да се спречи присуството на оние кои не умеат да ја ценат театарската уметност. На моменти актерите беа многу исфрустрирани поради претераното некултурно однесување на поголемиот дел од публиката.
Еве што изјавува A.Theo за TNT во врска со претставата „Кара Дончо“: „И покрај несоодветната публика која што беше дошла да грицка семки, да зборува за смс-пораките и телефонските повици, да го издемонстрира спротивното од бон-тонот, етиката и естетиката, сепак не успеа да влијае ни за момент за да ја растури играта на добро спремните актери кои што дадоа дури и повеќе од потребното: од страна на игра и од страна на енергија. Во самата претстава беа отсликани многу проблеми од денешницава, со што се соочува денешниот човек во ова социјално општество и како продолжува да ужива во сите пречки кои што му наидуваат без да превзема никакви чекори за спречување или искоренување на истите. Имаше многу пријатни моменти во самата претстава затоа што самите ситуации беа претставени преку смеа и шала, преку комичното. Интересна актерска поврзаност, добра комуникација не само помеѓу составот на тимот, туку и со публиката. Искрено од срце им посакувам на актерите уште многу, многу претстави.“

Овде можете да ги погледнете фотографиите од интервјуата со актерите во претставата ,,Кара Дончо'' и дел од сцените.
No comments:
Post a Comment