За големиот адет, бојадисувањето на јајцата има повеќе објаснувања. Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта
од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено.
Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при распнувањето на Исус Христос.
Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исуса и притоа плачела.
Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во цветни
бои.рета легенда раскажува за Марија Магдалена,
која отишла до гробот на Исус за да го миропомаза неговото тело. Таа
носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во
гробницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле
обоени со боите на виножитото.
А сте се запрашале ли од каде дошол Велигденскиот зајак во сетава приказна?
Кога воделе Христос на Голгота,
за да биде распнат, во толпата бил и Симеон од Кирин со двете деца.
Едниот син - Руфус носел со себе зајче. По едно време крстот паднал на
земјата. Потоа се слушнал детски пискот. Се покажало дека крстот паднал
врз зајчето и тоа умрело. Трогателниот плач на момчето го натерал Исус
да се сврти и, покрај своите маки, да го допре животинчето и да му
направи крстен знак. Зајчето оживеало и исплашено побегнало. Набргу
потоа се појавило под крстот на распнатиот Христос. Кога вечерта
учениците отишле да го земат телото на Спасителот, тоа уште било таму, а очите му биле црвени од тага и солзи.
Постои легенда дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, неговите
непријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе
го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на
таквото чудо луѓето почнале да ги вапцуваат велигденските јајца црвени.
Велигден претставува празнување на Христовото воскресение, а испикувањето под масата во црквите на денот Велики Петок претставува поминување низ гробот на Исус, масата е неговиот гроб, а вие поминувајќи низ таа маса воскреснувате, повторно оживувате, се полните со Божјата Радост.
Очекувајте не со нови содржини околу Велигден деновиве! :)
Очекувајте не со нови содржини околу Велигден деновиве! :)
Подготви: Елена Данова, LENA
No comments:
Post a Comment