Search

Saturday, August 25, 2012

Започна мисијата




Во периодот од 24 и 25 август во просториите на Попова Кула во Демир Капија се одржа семинарот на тема "Жената-жртва на семејно насилство". Семинарот беше организиран од страна на Организацијата за жени " Женско лоби". На самото предавање учествуваа и неколку предавачи од областа на психологијата и односите со јавноста. На семинарот беа присутни претежно млади на возраст од 16 па се до 35 години од понежниот пол. Беа проследени голем број на активности како предавања, работилници со интерактивни вежби како и практична демонстрација од областа на односите со јавноста. 
Учесниците на семинарот имаа прилика да подготват интервјуа каде едната група имаше за задача да подготви прашања поврзани на темата за семејно насилство, додека другата група беше самиот портпарол т.е. претставникот на организацијата од која доаѓа. Исто така, се подготви симулација на прес-конференција, која испадна доста успешна иако предходно учесниците биле со слабо искуство во тој домен. Сето тоа беше снимено за на крај да се направи евалуација со забелешки и пофалби од учесниците. Снимките од практичните вежби ќе бидат искористени за целите на организацијата, за жал, јавноста нема пристап до нив.
Впечатоците и мислењата за семинарот беа   позитивни. Учесниците беа задоволни од она што им се понуди. Нивните интереси и желбата да дознаат нешто повеќе конкретно на оваа тема им се исполнија, според нив. 
Семинарот којшто се одржа викендов е само едно ново продолжение на проектот кој е предвиден да трае цели седум месеци. Во разговор со главниот координатор Менче Николова, дознавме кои се главните цели на проектот, кој се' учествува, какви активности се предвидени за во иднина и кои се нејзините лични очекувања како координатор на овој проект. Ве оставаме сами да го проследете разговорот со неа, како и нејзиното обраќање кон јавноста за овој проблем кој станува доста актуелен во последно време. 








Подготви:
Емилија Петреска

Monday, August 20, 2012

Велосипедистот Дејан Зафиров зборува за Гаиа

  1. Триесет и четири годишниот Дејан Зафиров кај луѓето е познат по тоа што со протеза на ногата успева да достигнува навистина големи подвизи во велосипедизмот. Со велосипед поминува илјадници, ама буквално илјадници километри низ континентите на светот.

    Тој е и претседател на здружението за лица со хендикеп ГАИА и координатор на сите проект во организацијата.

    Овојпат тој не зборува за својата ампутирана нога и за тоа каков пример и инспирација е за сиот свет. Овојпат ни открива детали околу невладиното здружение ГАИА со цел да се спознаеме со неопходноста од тоа да ги прифатиме, а не сожалуваме лицата со физички недостаток.


    TNT: Како настана граѓанската асоцијација Гаиа и како се одвиваат работите?

Дејан: Гаиа настана спонтано, пред се од потребата моите велосипедски инспиративни маратони д аможе да се споделат со пошироката јавност и да прераснат во нешто повеќе, во некоја структура со која на млдите со хендикеп ќе може да и се организираат некои настани и активности кои ќе ги мотивираат и инспирираат. Почнавме во 2009 и активни сме повеќе од 2 години.


  1. TNT: Колку членови брои Гаиа и како се згрижувани?

Дејан: Гаиа не е здружение на лица со хендикеп туку за лица кои се интересираат на таа тема . Ние сме сите волонтери и нема ниту еден вработен. Ни сме тим од 2 до 5 луѓе кои ја одржуваат структурата и организираат настани ис е грижат за финансискиот дел. Имаме барем трипати годишно интензивни активности и ги припремаме во текот на целата година.
  1. TNT: Кој се’ и како може да се придружи на вашата организација и да помогне?

Дејан: Ние сме отворени за сите. Првично бевме насочени кон активности само за лица со некаков хендиокеп/ недостаток ама со тек на време настаните стануваат се повеќе интегративни и ќе продолжат така. Секогаш имаме потреба од волонтери и луѓе што сакаат да работат со деца. Отворени сме и за соработка со слични организации и заеднички проекти. Отворени сме за музичари и уметници од секаков вид, педагози и психолози, дефектолози и слично.

  1. TNT: Кои активности ги имавте во изминатово лето?

Дејан: Ова лето во Јули го имавме третиот и најголем камп до сега. Траеше вкупно 23 дена на 3 локации и беше наменет за младинци со било каков хендикеп и се одржа пред се во заводот Банско близу Струмица и беше наменет за штитениците сместени таму од кои активно учество секојдневно земаа најмалку 30тина. Имавме и деца дојдени од Кратово и Велес, а волонтерите беа од цела Македонија, најмногу од нив дефектолози. Имавме секојдневни часови, многу спорт, пливање и дружби, сликање музика и филмови. Интензивно дружење по 12 часови дневно. Сето тоа заврши со ликовна 3дневна колонија во Кратово
  1. TNT: Која е вашата работа во сето она во што сте активни како организација за лица со физички недостатоци?

Дејан: Јас сум претседател и координатор на проектите во Гаиа. Често соработуваме со институции, волонтери од Мировниот корпус и други граѓански организации. Јас сум одговорен за координација, планирањ и осмислување на активности. Иако се се сведува на тимска работа и сите одлуки гледаме да ги прилагодиме на релната ситуација и потребата на корисниците.
  1. TNT: Раскажете ни за вашиот смел потег во велосипедизмот, од каде идејата, колку километри изминавте и што научивте од сето тоа?

Дејан: Потфатот почна пред повеќе од 3 години. Идејата е да извозам на велосипед 20тина илјади километри на 6 континенти во рок од 4 години. Досега возев на 4 и тоа Европа Азија Јужна и Северна Америка, вкупно 13.400 километри. Главната идеја за овој подвиг доаѓа од повеќе места. Прво е моето лично задоволство за откривање на светот и надминување на сопствените граници. Со тек на време ова стана јавен настан и се појави како пример за храброст и кршење за стереотипите за лицата со хендикеп. Прекрасна можност е да се запознае како е ситуацијата на лицата со хендикеп во другите општества. Научив многу и искусив многу. Мислам дека наредната година кога планирам д аги завршам сите ќе напишам книга каде во детали ќе ги опишам моите искуства.
  1. TNT: Како според вас најуспешно може да му се покаже и докаже на светот дека лицата со било каков недостаток се дел од заедничкото општество?

Дејан: Нема поинаков начин освен преку личен пример, живеење на тоа за кое зборуваме и сонуваме. Што повеќе сме отворени да зборуваме на таа тема, што повеќе сме отворени во се што правиме да прифаќаме и да бидеме отворени за секакви луѓе тоа позрело и поразвиено општество ќе имаме. Нема лица со недостаток кои се различни од останатите луѓе. Тоа се индивидуи со различни желби проблеми потреби и интереси како што и било кој друг. Тие имаат некои заеднички проблеми кои ги дефинираат како група ама ништо повеќе или помалку од било која група на луѓе. Директното искуство предизвикува преиспитување на ставовите. Тогаш веќе не се само лица со недостаток туку стануваат имиња и индивидуи. Тоа се Тања, Игор, Добривое, Дејан и многу други, секој од нив засебен и автентичен.

 




Елена Данова

Данијел Боршчак - Интервју на српски јазик


1.Recite nam nesto o sebi u 2-3 recenice i kako bi ste sebe opisali kao osobu?
Vrlo sam tolerantna osoba,puno oprastam mozda me to malo smeta,sdruge strane vrlo postujem familiju pravog prijatelja...u suprutnome volim biti sam,duboko u svojim mislima
odstranjen od ljudi uzivat u miru napunit baterije.

2.Sta bi vasi roditelji,a sta prijatelji rekli o vama?
To bi ste trebali njih pitat,nadam se da svi koji me dobro poznaju,znaju kakav sam,ako se izdvoji koja losa rijec o meni ne bih se ljutio jer zato se ima prijatelja tj familiju,njihove kritike iskrenog misljenja su mi jako bitne.

3.Sta znaci uspeti u zivotu?
Uspjeh je zadak koji si covjek postavi kao temelj svog zivota,moj uspjeh je definiran radom,koliko radis toliko dobis,nije uvijek tako ali suprutno je ne moguce!

4.Sta vas najlakse moze nasmejati?
ma mene moze nasmijat i ptica kad pijano leti

5.Da li trenutno radite na nekim novim pesmama?
Da,radi se u biti kao komponist i pisac radim i za druge umjetnike,trenutno se radi nova stvar jedne njemacke pjevacice.A ja krecem uskoro sa svojim pjesmama,koje mogu naveliko najavit!

6.O cemu mastate pred spavanje?
Boze cuvaj moju Familiju prijatelje i sve drage osobe ovog svijeta.

7.Kako vidite sebe za 10 godina?
Zdrav,Ljubavni status pokriven kao sretan i uspjesan u glazbenom svijetu

8.Najcesci kompliment koji dobijate je ?
Dobar si Dobar

9.Sta ste zeleli da budete kad porastete?
Iskreno neznam bilo je puno zelja a mislim da sam dobio najbolje sta sam mogao

10.Da li bi ste pristali da idete kada bi dobili ponudu za neki reality?
To je danas sastavni dio jednog pjevaca kojemu to moze doprinjet ali i oduzet.
ja bi se dvoumio ali ako je neka konkretna ponuda zasto i ne

11.Sta mislite o prevarama u vezi.Da li bi vi oprostili?
Covjek koji misli imat vezu a varat je sa nekom drugom osobom ostavlja kod mene upitnike,sta ce tim ljudima ta veza pa radje saraj lazi ljubi gdje hoces ali sa uvjetom da te kuci ne ceka rasplakana ljubav,povrijedis li to srce,nikad vise nece voljet.
Oprostio bi,zaboravio ne bi,ljubav oprasta i to je fenomen.



подготви: Елена Данова
автор: Ивана Поповска

Какаото - едно од најздравите овошја!

Ако сте се запрашале која е храната на боговите, честоспоменуваната амброзија, сега го имате одговорот - какаото. Цивилизацијата на Маите и Ацтеките одамна го спознале благотворното дејство на какаото, а поради неговата необична форма го сметале за храна на боговите.

Се смета дека какаото може да влијае на долговечноста, содржи антиоксиданси за два пати повеќе од црвеното вино и 3 пати повеќе од зелениот чај. Поради присуството на теоброминот, окј е сличен на теинот од чајот и кофеинот од кафето, какаото пријатно возбудува и дава енергија. Кога е во прашање слабеењето, овде какаото е еден од најпрепорачуваните артикли.

Доколку сте пушач задолжително создадете си навика за една вкусна шолја какао на ден затоа што кај пушачите какаото е одлично за подобрување на состојбата и работата  со крвните садови.

Еден од највкусните продукти на какаото е чоколадото, а колку повеќе какао, толку поквалитетно чоколадо, но исто толку и погорчливо.

Пребогатото супер-какао изобилува со есенцијални витамини, минерали, цинк, омега 6 масни киселини и антиоксиданси. Значаен податок е дека има повеќе железо дури и од спанаќот, па нека му ја мисли сега Попај. Поради големото количество железо какаото се препорачува на луѓе со анемија, за намалување на крвниот притисок, а исто така спречува и згрутчување на крвта.

За долговечност, за поцврсти нокти, појака коса, поубава кожа, за енергија ама и за добар мирис и вкус заменете една шолја кафе со една шолја какао, малку млеко и многу малку шеќер. Потврдено е дека една шолја какао е исто како да сте испиле една чаша вино, само што изутрина ќе немате мамурлак.


Елена Данова

Sunday, August 19, 2012

Преображение Господово и Рамазан Бајрам во ист ден

Денес за прв пат се пробува грозје и денес завршуваат рамазанските пости и се послужува баклава. И двата празника се слават на големо. Христијаните одат во црква каде попот го осветува грозјето и другите плодови според обичаите на празникот Преображение на Господ исус Христос, а муслиманите го слават еден од најголемите празници Рамазан Бајрам.

Празникот Преображение Господово покрај тоа што спаѓа во големите празници кои ги празнува Православната Христијанска црква, туку и зазема значајно место во животот на ортодоксниот народ со сите обичаи со кои е пропратен.

Според традиционалните обичаи на народот на Преображение за прв пат се јаде грозје или други плодови откако свештеникот ќе ги отпее и благослови. Овие обичаи претставуваат благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.

Библиската приказна поврзана за овој празник е следнава: Третата година откако Исус проповедал на земјата, тој почнал да им зборува дека наскоро ќе се случуваат големи настани. Им рекол дека тој наскоро ќе биде мачен и распнат, а дека потоа ќе воскресне. Неговите апостоли не можеле да поверуваат во сето тоа, па тој зел тројца од нив и ги повел на еден рид. На врвот од ридот апостолите биле преуморени од патот, па веднаш заспале. Исус почнал да се моли, а облеката му станала снежно бела, лицето му светело како сонце и покрај него се појавиле Мојсие и Илија, старозаветни пророци. Во тој миг апостолите го виделе преобразениот Господ Исус Христос. На иконата е прикажан токму тој момент кога исус блеска, од десната страна е Мојсие со плочата, од левата страна е Илија, а апостолите ги кријат очите од прејаката светлина.



Бајрам пак опфаќа два празника, Курбан Бајрам кој се празнува со давање жртви од овен и денешниов Рамазан Бајрам.

Светиот месец Рамазан или Рамадан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга - Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.

Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина.

Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.



По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Денес празнуваме сите од Христијанската Црква и од Муслиманската вероисповед. А секако, денес особено празнуваме затоа што утре е неработен ден, а тоа нема на кого не му годи.

Елена Данова

Saturday, August 18, 2012

Од совршено бело до нешто сосема поинакво

Сте се запрашале ли некогаш што би се случило ако на илјада деца има дадете илјада разнобојни лепенки?

Сме се запрашале и ние, ама никогаш не претпоставувавме дека производот може да биде ваков. Погледнете сами!









 

Елена Данова

Таткото на векот

 Да се биде родител не е лесно, но да се биде родител на дете со посебни потреби е можеби еден од најголемите родителски предизвици.

Но овој татко кој светот веќе го нарекува „татко на векот“ со својата неизмерна љубов и упорноста да направи што повеќе за својата тринаесет годишна ќерка претставува инспирација за милиони луѓе низ светот.


Поточно 39-годишниот татко до сега учествувал на над 70 трки носејќи ја својата неподвижна ќерка во раце, на велосипед, во кајак, во инвалидската количка и слично. Рик изјавува дека два месеци по раѓањето на Медисон докторите установиле дека таа нема да биде подвижна, нема да може да зборува, а веројатно и нема да гледа.

Сепак церебралната парализа само го поттикнала овој татко да стане најдобриот родител на светот. Таткото Рик и неговата ќерка Медисон заедно се познати како Тим Меди.

Тој вели дека  од малкуте работи кои ги сака неговата ќерка Медисон е појадувањето во природа и тоа да биде што повеќе на отворено. Токму затоа тој го прави ова за Медисон. А со овој потег тој прави потполна психичка и физичка позитивна промена кај својата ќерка.



Елена Данова

Wednesday, August 15, 2012

Кога срцето е полно љубов, а стомакот празен




Во понеделникот, на 13 Август се одржа настан за децата од социјално загрозените семејства во организација на Црвен Крст, Неготино. Целиот настан се одвиваше во дворот и просториите на Манастирот Св. Ѓорѓи - Неготино, а се состоеше од разни вежби и игри кои успешно ги анимираа децата. Воедно беше подготвен и обилен ручек во кујната во склоп на овој манастир.

Раководител на овој проект е Симон Андов, а додека во организацијата учествуваа сите волонтери на Црвен Крст - Неготино. Специјална гостинка беше Емилија која пред некое време пристигнала од Чиле токму во Неготино. Таа совршено го владееше македонскиот јазик, а како што кажа, за уште повеќе да го вежба истиот, интервјуто кое го направивме со неа беше потполно на македонски. Емилија претходно во Чиле имала активности во тамошниот Црвен Крст, па можеше да направи одлична компарација на тамошните и тукашните активности.

Целата атмосфера беше исполнета со многу насмевки, многу љубов и топлина, но овој пат, покрај се друго, имаше и полни стомаци способни да дадат уште повеќе љубов. Од атмосферата ќе можете да проследете во кратките видеа кои ги подготвивме за вас.







Елена Данова , Емилија Петреска, Ѓоке Јованов, Диме Данов

Thursday, August 9, 2012

Нов проект на видик - Не биди жртва, спротивстави се



Деновиве во Демир Капија се крчка еден нов проект за кој организаторите сметаат дека ќе биде доста поучен и корисен, како за младата така и за постарата генерација. Првиот информативен состанок се одржа во средата на 08.08.2012 година, во присуство на претставници од невладини и младински организации. Како некои од нив ќе ги споменеме ГЦПР( Граѓански центар за превентива и ресоцијализација) од Неготино и Креактив од Кавадарци, кои со своите активни волонтери очекуваат одлични резултати за во иднина.
На самиот состанок се зборуваше за тоа како да се препознае жртва на семејно насилство, како да се помогне и како ќе течат понатамошните активности. 
Во активностите се вбројуваат: Основање на Младински Форум против семејно насилство, организирање на едукативна работилница, изработка на промотивен материјал, организирање на семинар "Жените - жртви на семејното насилство", медиумска промоција на проектот, организирање на трибини каде ќе бидат вклучени и самите средношколците како и многу други активности кои во блиска иднина ќе ви ги претставиме.


На состанокот, исто така, беше спомнато дека во семејното насилство не се жртви само жените, постојат случаи каде жртви се и мажите. Но, овој проект конкретно се однесува на жената.

Во текот на презентацијата, Менче Николова, главниот координатор на овој проект, со коорелација помеѓу останатите членки на идниот форум, кои беа од 15 до 35-годишна возраст, се обидоа да разграничат одредени поими поврзани со овој вид на насилство.
За голем дел од учесниците ова им е прво искуство да се соочат со ваков проект, иако голем број од нив веќе имаат солидна основа во правење на проекти.
Она што е предвидено за во иднина е семинарот на 24 и 25 август во Попова Кула каде детално и низ бројни активности и работилници ќе се зајакнат познавањата за овој проблем.
"Ние не можеме да спречиме тоа да се случува во иднина, и тоа е факт. Но, можеме барем за некој процент да го намалиме бројот на случаи на семејно насилство, и да им помогнеме на жртвите полесно да го пријават нивниот случај, а притоа, да не се почувствуваат непријатно и срамно" изјави координаторката Менче Николова.
Проектот е финансиран од страна на неладината организација Екумена од Хрватска, која безусловно ќе се обиде да помогне во активностите.

Емилија Петреска