Search

Wednesday, August 15, 2012

Кога срцето е полно љубов, а стомакот празен




Во понеделникот, на 13 Август се одржа настан за децата од социјално загрозените семејства во организација на Црвен Крст, Неготино. Целиот настан се одвиваше во дворот и просториите на Манастирот Св. Ѓорѓи - Неготино, а се состоеше од разни вежби и игри кои успешно ги анимираа децата. Воедно беше подготвен и обилен ручек во кујната во склоп на овој манастир.

Раководител на овој проект е Симон Андов, а додека во организацијата учествуваа сите волонтери на Црвен Крст - Неготино. Специјална гостинка беше Емилија која пред некое време пристигнала од Чиле токму во Неготино. Таа совршено го владееше македонскиот јазик, а како што кажа, за уште повеќе да го вежба истиот, интервјуто кое го направивме со неа беше потполно на македонски. Емилија претходно во Чиле имала активности во тамошниот Црвен Крст, па можеше да направи одлична компарација на тамошните и тукашните активности.

Целата атмосфера беше исполнета со многу насмевки, многу љубов и топлина, но овој пат, покрај се друго, имаше и полни стомаци способни да дадат уште повеќе љубов. Од атмосферата ќе можете да проследете во кратките видеа кои ги подготвивме за вас.







Елена Данова , Емилија Петреска, Ѓоке Јованов, Диме Данов

No comments:

Post a Comment