Search

Thursday, August 9, 2012

Нов проект на видик - Не биди жртва, спротивстави се



Деновиве во Демир Капија се крчка еден нов проект за кој организаторите сметаат дека ќе биде доста поучен и корисен, како за младата така и за постарата генерација. Првиот информативен состанок се одржа во средата на 08.08.2012 година, во присуство на претставници од невладини и младински организации. Како некои од нив ќе ги споменеме ГЦПР( Граѓански центар за превентива и ресоцијализација) од Неготино и Креактив од Кавадарци, кои со своите активни волонтери очекуваат одлични резултати за во иднина.
На самиот состанок се зборуваше за тоа како да се препознае жртва на семејно насилство, како да се помогне и како ќе течат понатамошните активности. 
Во активностите се вбројуваат: Основање на Младински Форум против семејно насилство, организирање на едукативна работилница, изработка на промотивен материјал, организирање на семинар "Жените - жртви на семејното насилство", медиумска промоција на проектот, организирање на трибини каде ќе бидат вклучени и самите средношколците како и многу други активности кои во блиска иднина ќе ви ги претставиме.


На состанокот, исто така, беше спомнато дека во семејното насилство не се жртви само жените, постојат случаи каде жртви се и мажите. Но, овој проект конкретно се однесува на жената.

Во текот на презентацијата, Менче Николова, главниот координатор на овој проект, со коорелација помеѓу останатите членки на идниот форум, кои беа од 15 до 35-годишна возраст, се обидоа да разграничат одредени поими поврзани со овој вид на насилство.
За голем дел од учесниците ова им е прво искуство да се соочат со ваков проект, иако голем број од нив веќе имаат солидна основа во правење на проекти.
Она што е предвидено за во иднина е семинарот на 24 и 25 август во Попова Кула каде детално и низ бројни активности и работилници ќе се зајакнат познавањата за овој проблем.
"Ние не можеме да спречиме тоа да се случува во иднина, и тоа е факт. Но, можеме барем за некој процент да го намалиме бројот на случаи на семејно насилство, и да им помогнеме на жртвите полесно да го пријават нивниот случај, а притоа, да не се почувствуваат непријатно и срамно" изјави координаторката Менче Николова.
Проектот е финансиран од страна на неладината организација Екумена од Хрватска, која безусловно ќе се обиде да помогне во активностите.

Емилија Петреска

No comments:

Post a Comment