Search

Sunday, August 19, 2012

Преображение Господово и Рамазан Бајрам во ист ден

Денес за прв пат се пробува грозје и денес завршуваат рамазанските пости и се послужува баклава. И двата празника се слават на големо. Христијаните одат во црква каде попот го осветува грозјето и другите плодови според обичаите на празникот Преображение на Господ исус Христос, а муслиманите го слават еден од најголемите празници Рамазан Бајрам.

Празникот Преображение Господово покрај тоа што спаѓа во големите празници кои ги празнува Православната Христијанска црква, туку и зазема значајно место во животот на ортодоксниот народ со сите обичаи со кои е пропратен.

Според традиционалните обичаи на народот на Преображение за прв пат се јаде грозје или други плодови откако свештеникот ќе ги отпее и благослови. Овие обичаи претставуваат благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.

Библиската приказна поврзана за овој празник е следнава: Третата година откако Исус проповедал на земјата, тој почнал да им зборува дека наскоро ќе се случуваат големи настани. Им рекол дека тој наскоро ќе биде мачен и распнат, а дека потоа ќе воскресне. Неговите апостоли не можеле да поверуваат во сето тоа, па тој зел тројца од нив и ги повел на еден рид. На врвот од ридот апостолите биле преуморени од патот, па веднаш заспале. Исус почнал да се моли, а облеката му станала снежно бела, лицето му светело како сонце и покрај него се појавиле Мојсие и Илија, старозаветни пророци. Во тој миг апостолите го виделе преобразениот Господ Исус Христос. На иконата е прикажан токму тој момент кога исус блеска, од десната страна е Мојсие со плочата, од левата страна е Илија, а апостолите ги кријат очите од прејаката светлина.



Бајрам пак опфаќа два празника, Курбан Бајрам кој се празнува со давање жртви од овен и денешниов Рамазан Бајрам.

Светиот месец Рамазан или Рамадан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга - Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.

Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина.

Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.



По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Денес празнуваме сите од Христијанската Црква и од Муслиманската вероисповед. А секако, денес особено празнуваме затоа што утре е неработен ден, а тоа нема на кого не му годи.

Елена Данова

No comments:

Post a Comment