Ако сте се запрашале која е храната на боговите, честоспоменуваната амброзија, сега го имате одговорот - какаото. Цивилизацијата на Маите и Ацтеките одамна го спознале благотворното дејство на какаото, а поради неговата необична форма го сметале за храна на боговите.
Се смета дека какаото може да влијае на долговечноста, содржи антиоксиданси за два пати повеќе од црвеното вино и 3 пати повеќе од зелениот чај. Поради присуството на теоброминот, окј е сличен на теинот од чајот и кофеинот од кафето, какаото пријатно возбудува и дава енергија. Кога е во прашање слабеењето, овде какаото е еден од најпрепорачуваните артикли.
Доколку сте пушач задолжително создадете си навика за една вкусна шолја какао на ден затоа што кај пушачите какаото е одлично за подобрување на состојбата и работата со крвните садови.
Еден од највкусните продукти на какаото е чоколадото, а колку повеќе какао, толку поквалитетно чоколадо, но исто толку и погорчливо.
Пребогатото супер-какао изобилува со есенцијални витамини, минерали, цинк, омега 6 масни киселини и антиоксиданси. Значаен податок е дека има повеќе железо дури и од спанаќот, па нека му ја мисли сега Попај. Поради големото количество железо какаото се препорачува на луѓе со анемија, за намалување на крвниот притисок, а исто така спречува и згрутчување на крвта.
За долговечност, за поцврсти нокти, појака коса, поубава кожа, за енергија ама и за добар мирис и вкус заменете една шолја кафе со една шолја какао, малку млеко и многу малку шеќер. Потврдено е дека една шолја какао е исто како да сте испиле една чаша вино, само што изутрина ќе немате мамурлак.
Елена Данова
No comments:
Post a Comment