Но овој татко кој светот веќе го нарекува „татко на векот“ со својата неизмерна љубов и упорноста да направи што повеќе за својата тринаесет годишна ќерка претставува инспирација за милиони луѓе низ светот.
Поточно 39-годишниот татко до сега учествувал на над 70 трки носејќи ја својата неподвижна ќерка во раце, на велосипед, во кајак, во инвалидската количка и слично. Рик изјавува дека два месеци по раѓањето на Медисон докторите установиле дека таа нема да биде подвижна, нема да може да зборува, а веројатно и нема да гледа.
Сепак церебралната парализа само го поттикнала овој татко да стане најдобриот родител на светот. Таткото Рик и неговата ќерка Медисон заедно се познати како Тим Меди.
Тој вели дека од малкуте работи кои ги сака неговата ќерка Медисон е појадувањето во природа и тоа да биде што повеќе на отворено. Токму затоа тој го прави ова за Медисон. А со овој потег тој прави потполна психичка и физичка позитивна промена кај својата ќерка.
Елена Данова
No comments:
Post a Comment