Search

Saturday, August 25, 2012

Започна мисијата




Во периодот од 24 и 25 август во просториите на Попова Кула во Демир Капија се одржа семинарот на тема "Жената-жртва на семејно насилство". Семинарот беше организиран од страна на Организацијата за жени " Женско лоби". На самото предавање учествуваа и неколку предавачи од областа на психологијата и односите со јавноста. На семинарот беа присутни претежно млади на возраст од 16 па се до 35 години од понежниот пол. Беа проследени голем број на активности како предавања, работилници со интерактивни вежби како и практична демонстрација од областа на односите со јавноста. 
Учесниците на семинарот имаа прилика да подготват интервјуа каде едната група имаше за задача да подготви прашања поврзани на темата за семејно насилство, додека другата група беше самиот портпарол т.е. претставникот на организацијата од која доаѓа. Исто така, се подготви симулација на прес-конференција, која испадна доста успешна иако предходно учесниците биле со слабо искуство во тој домен. Сето тоа беше снимено за на крај да се направи евалуација со забелешки и пофалби од учесниците. Снимките од практичните вежби ќе бидат искористени за целите на организацијата, за жал, јавноста нема пристап до нив.
Впечатоците и мислењата за семинарот беа   позитивни. Учесниците беа задоволни од она што им се понуди. Нивните интереси и желбата да дознаат нешто повеќе конкретно на оваа тема им се исполнија, според нив. 
Семинарот којшто се одржа викендов е само едно ново продолжение на проектот кој е предвиден да трае цели седум месеци. Во разговор со главниот координатор Менче Николова, дознавме кои се главните цели на проектот, кој се' учествува, какви активности се предвидени за во иднина и кои се нејзините лични очекувања како координатор на овој проект. Ве оставаме сами да го проследете разговорот со неа, како и нејзиното обраќање кон јавноста за овој проблем кој станува доста актуелен во последно време. 








Подготви:
Емилија Петреска

No comments:

Post a Comment