- Триесет и четири годишниот Дејан Зафиров кај луѓето е познат по тоа што со протеза на ногата успева да достигнува навистина големи подвизи во велосипедизмот. Со велосипед поминува илјадници, ама буквално илјадници километри низ континентите на светот.Тој е и претседател на здружението за лица со хендикеп ГАИА и координатор на сите проект во организацијата.Овојпат тој не зборува за својата ампутирана нога и за тоа каков пример и инспирација е за сиот свет. Овојпат ни открива детали околу невладиното здружение ГАИА со цел да се спознаеме со неопходноста од тоа да ги прифатиме, а не сожалуваме лицата со физички недостаток.
Дејан: Гаиа настана
спонтано, пред се од потребата моите
велосипедски инспиративни маратони д
аможе да се споделат со пошироката
јавност и да прераснат во нешто повеќе,
во некоја структура со која на млдите
со хендикеп ќе може да и се организираат
некои настани и активности кои ќе ги
мотивираат и инспирираат. Почнавме во
2009 и активни сме повеќе од 2 години.
- TNT: Колку членови брои Гаиа и како се згрижувани?
Дејан: Гаиа не е
здружение на лица со хендикеп туку за
лица кои се интересираат на таа тема .
Ние сме сите волонтери и нема ниту еден
вработен. Ни сме тим од 2 до 5 луѓе кои ја
одржуваат структурата и организираат
настани ис е грижат за финансискиот
дел. Имаме барем трипати годишно
интензивни активности и ги припремаме
во текот на целата година.
- TNT: Кој се’ и како може да се придружи на вашата организација и да помогне?
Дејан: Ние сме отворени
за сите. Првично бевме насочени кон
активности само за лица со некаков
хендиокеп/ недостаток ама со тек на
време настаните стануваат се повеќе
интегративни и ќе продолжат така. Секогаш
имаме потреба од волонтери и луѓе што
сакаат да работат со деца. Отворени сме
и за соработка со слични организации и
заеднички проекти. Отворени сме за
музичари и уметници од секаков вид,
педагози и психолози, дефектолози и
слично.
- TNT: Кои активности ги имавте во изминатово лето?
Дејан: Ова лето во
Јули го имавме третиот и најголем камп
до сега. Траеше вкупно 23 дена на 3 локации
и беше наменет за младинци со било каков
хендикеп и се одржа пред се во заводот
Банско близу Струмица и беше наменет
за штитениците сместени таму од кои
активно учество секојдневно земаа
најмалку 30тина. Имавме и деца дојдени
од Кратово и Велес, а волонтерите беа
од цела Македонија, најмногу од нив
дефектолози. Имавме секојдневни часови,
многу спорт, пливање и дружби, сликање
музика и филмови. Интензивно дружење
по 12 часови дневно. Сето тоа заврши со
ликовна 3дневна колонија во Кратово
- TNT: Која е вашата работа во сето она во што сте активни како организација за лица со физички недостатоци?
Дејан: Јас сум
претседател и координатор на проектите
во Гаиа. Често соработуваме со институции,
волонтери од Мировниот корпус и други
граѓански организации. Јас сум одговорен
за координација, планирањ и осмислување
на активности. Иако се се
сведува на тимска работа и сите одлуки
гледаме да ги прилагодиме на релната
ситуација и потребата на корисниците.
- TNT: Раскажете ни за вашиот смел потег во велосипедизмот, од каде идејата, колку километри изминавте и што научивте од сето тоа?
Дејан: Потфатот
почна пред повеќе од 3 години. Идејата
е да извозам на велосипед 20тина илјади
километри на 6 континенти во рок од 4
години. Досега возев на 4 и тоа Европа
Азија Јужна и Северна Америка, вкупно
13.400 километри. Главната
идеја за овој подвиг доаѓа од повеќе
места. Прво е моето лично задоволство
за откривање на светот и надминување
на сопствените граници. Со тек на време
ова стана јавен настан и се појави како
пример за храброст и кршење за стереотипите
за лицата со хендикеп. Прекрасна можност
е да се запознае како е ситуацијата на
лицата со хендикеп во другите општества.
Научив многу и искусив многу. Мислам
дека наредната година кога планирам д
аги завршам сите ќе напишам книга каде
во детали ќе ги опишам моите искуства.
- TNT: Како според вас најуспешно може да му се покаже и докаже на светот дека лицата со било каков недостаток се дел од заедничкото општество?
Дејан: Нема поинаков
начин освен преку личен пример, живеење
на тоа за кое зборуваме и сонуваме. Што
повеќе сме отворени да зборуваме на таа
тема, што повеќе сме отворени во се што
правиме да прифаќаме и да бидеме отворени
за секакви луѓе тоа позрело и поразвиено
општество ќе имаме. Нема лица со недостаток
кои се различни од останатите луѓе. Тоа
се индивидуи со различни желби проблеми
потреби и интереси како што и било кој
друг. Тие имаат некои заеднички проблеми
кои ги дефинираат како група ама ништо
повеќе или помалку од било која група
на луѓе. Директното искуство предизвикува
преиспитување на ставовите. Тогаш веќе
не се само лица со недостаток туку
стануваат имиња и индивидуи. Тоа се
Тања, Игор, Добривое, Дејан и многу други,
секој од нив засебен и автентичен.
Елена Данова
No comments:
Post a Comment