Раскарани соседи кои не можат да се
погледнат и меѓусебно си штетат. 21-от век очигледно ништо не сменил, луѓето не ги еволуирале меѓучовечките
односи. До кога ќе се насладуваме со малите тајни на нашите соседи? Малите гратчиња
дозволиле човековите инстинкти и човековата љубопитност полека да ги преминат
своите граници. Соседите постојано демнат и кога најмалку ги очекуваме
настапуваат со своите мали злосторства.

На сите барем еднаш им се има случено да се качи налутениот сосед кој не може да толерира никаква музика. По дефолт мора да има закачка со некој од соседите особено кругот на куќи во најблиска средина. Недостатокот на работа или преголемата љубопитност на соседите направиле режија на сапуници во маалата. Сценарија обликувани од разни озборувања и сосема отворено шпионирање. Тенки ѕидови не делат а сепак толку мислења и предрасуди меѓу нас.
Како и да е постои најдобрата комшика која повеќе е дома кај тебе од колку кај неа. Соседот од спроти кој е главно присутен на сите рокади во домот и секако со кој ги следите сите спротски натпревари. Вашите и нашите деца постојано ќе лудуваат заедно, па зар тие не се соседи?
Анета Трајкова
No comments:
Post a Comment