Search

Sunday, July 8, 2012

Балканските културни средби по втор пат земаат замав во Неготино



Во саботата на 7 јули 2012 година се оддржаа по втор пат Балканските културни средби помеѓу Македонија и Турција. Манифестацијата беше составена од повеќе активности. Најпрво во НУ Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" - Неготино, со почеток во 20 часот  се оддржа изложба на ликовни уметници од Турција при што им беа врачени сертификати, а воедно и можеа да уживаат во малиот перформанс на класична музика.

Во подоцнежните часови се одржа концерт со кој беше претставена нашата култура и фолклор низ песните и ората. Чекорите на орото и ритамот на народната музика ги импресионираа нашите гости кои со огромна желба ги очекуваат наредните културни средби, но следниот пат тоа да биде во Турција. Настанот беше доста посетен што покажува дека помеѓу Турција и Македонија соработката и меѓусебното разбирање оди во нагорна линија. 



На нас останува само да се надеваме дека следниот пат програмата ќе биде уште поисполнета и дека ќе ги привлечи не само неготинците туку и некои заинтересирани од другите градови бидејќи со ова докажуваме дека и ние имаме што да прикажеме. Во прилог ви оставаме фотографии и кратко видео од самата амосфера. Уживајте!




Емилија Петреска           





No comments:

Post a Comment