Search

Sunday, July 1, 2012

Т' к -Так фестивалот ја крена на нозе цела Тиквешија



Последниве два дена (29 и 30 јуни) во Кавадарци се случуваше нешто интересно.
Нешто  нежно, бавно и чувствително.  Нешто што во исто време беше и динамично и грубо,  но сепак секој еден од присутните  беше импресиониран.  Да, деновиве во Кавадарци се одржа првиот „ Т’к-так“  фестивал во чест на  Трајко Каров, кој до својата смрт беше тапанар во бендот “Триангл” и фронтмен на “Багаж”. 
Голем број македонски рок имиња му одадоа чест со тоа што беа присутни на сцената, свиреа и пееја во негово сеќавање, а ние му одадовме чест со тоа што го посетивме настанот  во голем број и пеевме заедно со нив.
Меѓу бендовите кои настапија  беа: Автограм,  Триангл, Пу(Лева Патика),  Трн во Око, Bodigards, Бубо Каров и Токму Така, Зијан, Морал, Мики-Фис-Бошко-Венко, Purple Zeppelin, Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Мики Јовановски Џафер,  Александра Пилева, Тоше Поп Симонов, Венко Серафимовски, Дамјан Пејчиноски,  Игор Станоевски трио, Младост.


И како што спомнаа во најавата: “За инает на неготинци фестивалот ќе трае два дена!” – така и беше.  Втората вечер настапија : Jump start, Дејзи Бенд, Океан Пацифик.

Во натпреварувачкиот дел настапија  повеќе бендови од Македонја:
Фалш бенд- Битола
Балкански бандити
No fun- Охрид
Revoltedmkd- Св. Николе
Визија- Скопје
Noise- Кочани
Hypnotic  Wave- Прилеп
Фанк Шуи- Скопје
И за крај, главната атракција беше концертот на Суперхикс!
Нам ни останува само да се надеваме дека овој фестивал ќе прерасне во една убава традиција.  Не само поради публиката која го крена Кавадарци на нозе, туку и поради самиот Трајко Каров кој сигурно би го сакал и заслужил тоа!



                                                                                                                                       Сања Станкова

No comments:

Post a Comment