Миленик во Македонија, а се претвори и во миленик на женската популација
на повеќе балкански територии. И веќе не е колекционер на женските срца
само кај нас. Дали можеш да останеш рамнодушна и мирна кога пее тој?
Признај дека почнуваш да потпевнуваш и да скокаш со него уште кога ќе го
видиш.

Како да се дефинира поимот “побаруван”? - Кратко и јасно, само со
два збора — ЈОЦЕ ПАНОВ. Тој има интересна ѕвезда која блеска силно, ѕвезда
која повторно блесна силно со новиот летен сингл “Око мое зелено”. Во
текот на изминатиов месец во убава, пријатна и разиграна атмосвера во
студиото “Анастасија” во Скопје, Јоце ја сними својата нова песна
насловена “Око мое зелено”. Но авантурите на Јоце никако да престанат.
Во топла јулска ноќ на „Сунчане Скале“ ја крена на нозе заспаната
црногорска публика и го промовира албумот “Ватрени печати”, а воедно и
неговата нова песна “Око мое зелено” со музика и текст: Јоце Панов и
Дејан Илиевски и српската верзија “Око моје зелено” со текст на српски
Жаклина Милутинович.
Покрај текстот и музиката , за аражманот се погрижи
Иле Спасов, а продуцент е Љупчо Павловски. Песната ги има сите атрибути
за летен хит, заразен летен ритам и интересен текст. Според
најавите, песната ќе добие и видео спот кој ќе се снима на две локации во
Струга и Будва.
No comments:
Post a Comment