За
љубовта пишувале врвни поети, писатели, психолози, филозофи. Тема
вечна-непресушна. А сè уште е неоткриена и необјаснета нејзината
волшебност, нејзината силна магија над магиите. Љубовта со својата
моќ поведува војни, повикува на двобој. Дури и Пушкин, поетот на љубовта, згасна
во двобојот за својата љубена. И љубовта го бранува светот, како
потресите од Вертер.
Заљубените ги носи на своите крила на
седмо небо. На вљубените им подаррува небесни, виолетови насмевки на
лицето. Насмевка која блеска и одблеснува како сонцето од огледалото. А
од очите им светкаат ѕвезди кои ги грее и охрабрува. Тие се како
расцветани цветови. Погледите ја откриваат тајната на заљубените и
вљубените. Видливо се открива кој во која е заљубен, поточно која во кого
е вљубена, љубовта е најубавото нешто во животот. Состојба кога срцето и
разумот стануваат најдобри пријатели. Затоа љуби затоа што љубовта е нешто
што не може секој да го има и уживај во твоите чувства од милина.
Љубовта несопирлива низа светски поети, писатели, драмски автори ги
возвиши до ѕвездите и ги круниса со ореол на вечна слава. Франческо
Петрарка со љубовните сонети посветени на Лаура ја разбрани Италија и
светот. Вилијам Шекспир со љубовните драми сè уште ги бранува театрите низ светот. Љубовта нè
поведува низ патот кон блесоците и успешните подвизи низ животот.
Пулсира љубовта со големото срце на заљубените. Испреплетена со
емоции, чувства, огнени и бурни страсти, болни копнежи. Таа е често
променлива така што може од сончевина да премине во мрак. Се нижат противречни
настани, девојката и дечкото се неразделни, се држат за раце, се
прегрнуваат, а потоа оган се распламнува се разделуваат. Убавицата
огорчена од љубовта е како принцеза облечена во широк бел фустан со
блескава круна на глава, седи сама, сама без својот принц.
Автор на овој текст е нашата пријателка Ивана Поповска од Пехчево.
No comments:
Post a Comment