За време на осумдневниот престој во Дојран на корисниците на Дневниот центар ПОРАКА НЕГОТИНО заедно со своите асистенти и волонтерите на ПОРАКА НЕГОТИНО за прв пат пред дојранската публика беше одиграна претставата „Мрзливата жена и метлата“. Претставата се одигра на Летна сцена, Златен брег, Стар Дојран, а покрај туристите присуствуваа претставници од општината и лицата со церебрална парализа од Бања Банско. Претставата беше успешна, а публиката бескрајно импресионирана од одлично одиграните рољи.
Елена Данова
No comments:
Post a Comment