Search

Monday, July 9, 2012

Бидете хумани


Вечерта на 8 јули 2012 година на териоријата на градскиот стадион во Неготино се одржа хуманитарен концерт насловен "Хуман Потег". Концертот траеше вкупно четири часа и тоа од 21 часот па до 1 часот по полноќ. Предвидени гости на настанот беа Александар Тарабунов, Наташа Малинкова, Игор Узунов, Стефанија Јанева, Victory Bend, The Land Mines, Epidemy и Audio Funkers. За жал некои од гостите не можеа да пристигнат, но тоа не ги спречи неготинци да си поминат забавно, а воедно и да бидат хумани. 



Настанот беше организиран од страна на младите волонтери на Црвен Крст од Неготино на кои не им е прв пат да организираат настани од ваков вид. Тоа се младите хуманисти на кои многу семејства им се благодарни за помошта. Нивна порака е неготинци да продолжат со хуманоста и таа да биде уште поголема во иднина. Со симболична цена на картите од 50 денари, тие извршија уште една мисија во која главна цел им е да му помогнат на нечиј живот.



Наша порака е да ги посетувате настаните од ваков карактер бидејќи забавата е загарантирана, а и чувството дека сте помогнале некому ќе ве направи уште посреќни. Нам ни останува само да ве следиме и да ви ја доловуваме атмосферата. Бидете хумани!



Емилија Петреска

No comments:

Post a Comment