Од нив страда дури 10% од светското население. Од нив не се бега, а сепак создаваат нагон во одредена ситуација да се сокриете во некоја кутија каде она од што се плашите нема да ве пронајде... Или пак во кутијата ќе се здобиете со друг страв!? Она за што зборувам се фобиите!
Сакале или не, сите имаме по некој скриен или откриен страв. Некои од нас се помириле со стравот, некои се’ уште се соочуваат, а некои не престануваат да се борат со својата ирационална фобија.
Можеби најчестиот страв кај луѓето се јавува при соочувањето со пајаци. Овој страв од пајаци уште се нарекува и арахнофобија и е проследен со потење, треперењеи чувство на немир кога лицето се наоѓа во присуство на пајак. Арахнофобијата почесто ја има кај жените.
Акрофобијата или страв од височина се толкува и како страв од паѓање затоа што лицата кои се соочуваат со акрофобијата најверојатно првично се плашат од паѓање, па следователно на тоа и од височината.
Ако сте уплашени да одите во лифтови, пештери, тунели и други затворени простории, тогаш најверојатно вие имате клаустрофобија, односно страв од затворен простор.
Некои луѓе сакаат да летаат, а некои пак имаат страв од летање. Луѓето кои го имаат овој страв или уште наречер аерофобија најчесто избегнуваат да летаат со авион. Кај луѓето со аерофобија се создава паника и при самото влегување во авион, а особено за време на турбуленциите.
Некрофобија е страв од умирање или воопшто страв од мртовци. Нормално дека повеќето луѓе се плашат од смрт, но кај оние кои се особено погодени од оваа фобија се создава силна вознемиреност и панични напади при самата помисла на смртта. Тие не само што се плашат од мртви луѓе, туку и од мртви животни, па дури и кога ќе видат мртви на телевизија, во весник и слично.
Никтофобија или скотофобија е страв од темнината кој најчесто се јавува во периодот на детството.
А еве и за другите повпечатливи и поинтригантни фобии:
Офидофобија - прекумерен страв од змии
Кинофобија - прекумерен страв од кучиња
Хемофобија - страв од крв и крварење
Филемафобија - страв од бакнување
Нудофобија - страв од голотија
Метифобија - страв од алкохол
Генофобија - страв од секс
Алекторофобија -страв од кокошки
Но каква и фобија да имате нема потреба да се грижите повеќе! Научниците во универзитетот во Хирошима веќе пронашле инјекција со чие вбризгување во мозокот може да се „исклучи“ центарот одговорен за појава на страв.
Елена Данова
No comments:
Post a Comment