Search

Friday, July 13, 2012

Каде отидоа сите идеи !?


          Каде е идентитетот на денешната младина? Дали иновативноста како одлика на младите кои ги уживаат привилегиите се удавила во алкохолот или можеби прецутела во социјалните мрежи. Колку можат да покажат креативност нашите млади провинцијалци и колку тие се изразуваат себе си во било каков правец, моментално е дискутабилно. Далеку од учебната година кога имаа само еден проблем – оценките, дали младите едноставно го пуштаат својот мозок и без размислување се втурнуваат во монотониот живот жалејќи се колку е тоа очајно досадно?



          Идеите замираат и кога е потребно младите да дејствуваат тие не можат да се пронајдат себе си. Од десет испитаници за определена задача само тројца имаат налик на идеја или нешто повеќе на дежа ву. Во дадени ситуации од 20 млади никој го нема креативниот правец или поточно бараната добитна комбинација. Дали можеби општеството ги заробило во своите закоравени идеи или пак можеби проблемот се крие токму во младите? Интензивно сите се закачени на социјалните мрежи, се листаат сликите на пријателите, па статусите како и коментарите кои меѓудругото се преклопуваат едни со други и во кои има се’ освен иновативност. Активно се слуша комерцијална музика, се дели истото размислување, истиот стил го тера  грото од младината, а пак сфаќањата се онакви за кои очекуваат сите.

           Кој би излегол од кутијата? Кој би покажал нешто ново и поразлично? Дали младите си дозволуваат нешто повеќе од тоа што го имаат видено? Дали телевизијата им ги пласира готовите нешта, дали младината се претвора во пасивен паразит? Дали нема кој да ја поттурне оваа младина, да и’ покаже и да ја насочи? Што укажува фактот дека на едно исто место во исто време има пет лица со исти обувки на нозете? Дали можеби немањето избор?


           Зошто едноставно да се претопиме со толпата? Дали денешната младина сака воопшто предизвик или ќе реши да се препушти во рацете на пороците со потсвесно размислување дека тоа е лекот за секоја тинејџерска болка? Дали би му покажале на ова општество дека може поинаку на многу начини различно од тоа што се очекува?


           Дали би продолжиле да работиме, живееме и размислуваме шаблонски? Дали медиумите и дофатните нешта ни го перат мозокот? Пронајдете ја креативноста во вас и не се изненадувајте доколку некој ја најде пред вас!


                                                                                              Анета Трајкова 

No comments:

Post a Comment