Search

Saturday, July 14, 2012

Вечер на алтернативна музика на Пивофест



Скара,  ладно пиво и добра музика. Звучи познато?  Ова како целина го има само на Пивофест 2012 во Прилеп!

На плоштадот каде што и се одржуваше манифестацијата не пречекаа бројни штандови со пиво и скара, додека во позадина го слушавме одјавувањето на водителите и најавата за претстојната вечер.





Честа да го отворат ова десето јубилејно издание на Пивофест, им припадна на нашите тетовчани Conquering Lion кои  ја подгреjаа атмосферата за Ras Zacharri од Јамајка! И наеднаш нешто се случи... Капки дожд ни се разлеjаа по лицата, косата и облеката ни беа мокри. Сите помислија дека атмосферата ќе „спласне“ и програмата ќе биде пропратена од под некоја стреа или дрво. Но не! Сите останаа пред сцената. Играа и пееја заедно. Никој не се помрдна да оди некаде, плашејќи се дека местото ќе му биде зафатено. Со игра и песна му се спротивставувавме на дождот, па на крај тој мораше да престане.

Следни беа ѕвездите на вечерта. С.А.Р.С. од Србија и Дубиоза Колектив од Босна и Херцеговина. Залудни ќе бидат зборовите потрошени на опишување на атмосферата додека тие растураа на сцената. Едноставно треба да се биде   таму!



   Оваа статија ќе ја завршам исто како што ја започнав: скара, пиво, музика, дожд... Што уште посакувате да се случи за да присуствувате? Пивофестот е во тек, фатете барем малку од она што го испуштивте.




Сања Станкова

No comments:

Post a Comment