Во последно време во Неготино можеа да се забележат бројни активности од
областа на екологијата, па затоа тимот на Teen News Thunder ќе ви ги претстави
сите информации од прва рака.
Учениците од средното општинско училиште Св. “Кирил и Методиј” заедно со
своите професори спроведоа акција која беше доста успешна. Мотото на оваа
акција беше “ Сите заедно да ѝ подадеме раце на екологијата, Еко училиште- Еко
град”. Формирајќи т.н. Еко патроли, учениците се обидоа да ја подигнат свеста
на граѓаните во врска со здравата исхрана, фрлањето отпадоци, како да се штеди
струја а воедно и да се користат еколошки сијалици. Сите овие активности
направија овој настан да изгледа инзвонредно.
Низ бројни состаноци помеѓу
учениците, професорите, главниот координатор професорката Марика Ѓорѓиева како
и директорката Маја Тефова, се донесе решение на ден 27.12.2011 Вторник,
учениците со помош на разни транспаренти да се упатат од својата гимназија кон
градскиот плоштад. Тоа беше поткрепено со неколку донации на маички со ознаки
на тема екологија од Sara Fashion и марамите од Duki Daso.
На плоштадот, атмосферата беше подгреана со добра музика која не остави
никој рамнодушен. Посетителите на овој хепенинг можеа да ги вкусат вкусните
јаболка кои им ги нудеа самите ученици.
Но, овде не беше крајот. На ден
29.12.2011 Четврток, директорката заедно со координаторот професорката Марика
Ѓорѓиева но и останатите членови на Еко одборот составен од млади ученици беа
примени од страна на градоначалникот Пане Трајков. Тој срдечно ги дочека и
внимателно ги сослуша. На состанокот се спомна и тоа дека на школото му е
потребно да се огради, некои предели да се осветлат но и да се направи
импровизирана овошна градина каде секој ученик ќе може да си засади свој
производ. Тој самиот кажа дека овие идеи се одлични и дека ја дава максималната
поддршка и посакува понатамошна соработка. Но, не заборави и да ги честита
Новогодишните празници и да поразговара пријателски со присутните сметајќи дека
со слободна комуникација ќе може да се создаде порелаксирана атмосфера и да се
напредне во идеите и меѓусебната кооперација.
Во целост, напорот кој учениците го внесоа заедно со своите професори на
крај се исплати. Посетеноста на штандовите беше доста голема,а учеството на
самите ученици беше неизмерно задоволство за сите. Сепак, овој проект ќе трае
цели 5 години што покажува дека следат уште подобри и поактивни проекти од
страна на младите и нивните професори. Затоа следете не и понатаму бидејќи
тимот на Teen News Thunder ќе продолжи
да ви ја доловува атмосферата.
Во продолжение Ве оставаме со интервјуто направено со координаторот на овој
проект, професорката Марика Ѓорѓиева и видео кое се надеваме дека ќе Ви се
допадне.
Емилија
Петреска
No comments:
Post a Comment