Search

Sunday, February 26, 2012

Завршен концерт на КУД Ацо Ѓорчев




 На ден 25.12.2011год. Во Центарот за култура на Неготино се одржа најмасовниот посетен завршен концерт на КУД Ацо Ѓорчев Неготино. На концертот настапува над 280 разиграни и рспеани играорци. Како водител на ова вечер на сцената испадна ученичка од ОУ Гоце Делчев Неготино, Ивона Атанасова.





,,Орото е симбол на македонската култура и уметност. односно подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство''- Зборови исцрпени од богатиот вовед на културно – фолклорната вечер.'.КУД Ацо Ѓорчев Неготино е нераскинлив дел од духовноста,традиција која е творечки континуитет - врска меѓу исконот и сегашноста.Со одличната бројка на играорците тије постојано постигнуваат успеси, сето тоа е благодарение на најдобрите кореографи Горан Трајков и Милица Тодорова.



Исто така истата вечер им беа доделени Благодарници на кореографите Горан Трајков, Милица Тодорова и на гостите од Р. Турција градоначалникот на општина Ајдин-Тепеѓик, г-дин Тунџај Олгун од страна на директорката на центарот за култура Мирјана Јованова. Фолклорот е традиција од нашите претци која со љубов треба да ја пренесуваме на нашите идни поколенија. фолклорот не нашето најголемо богатство и треба да го чуваме и негуваме, беа зборовите со кои се одјави оваа културно – фолклорна вечер.



                                                                                                              Изработка
Ивона Атанасова


No comments:

Post a Comment